Skip to content Skip to footer

НИШТОВНИ НЕЗАКОНСКИ ОДНАДВОР-РЕЖИРАНИ КВАЗИ-ИЗБОРИ – САМО РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 30ТИ СЕПТЕМВРИ Е ВАЛИДЕН!

Во континуитет се повторуваат „Избори“ менаџирани од Калето и неговите инженери за хибридна специјална војна, аналитичари, анкетари, агенти, „ПР“ мајстори, кои резултатите ги кројат по сопствена мерка и интерес, газејќи врз народот.

Македонија, но и Балканот се претворени во територија на глобал-фашистичкиот поредок за социјален, биолошки, психолошки, здравствен експеримент, криминални злоупотреби на државни служби за следење на граѓани, и Избори како фарса.

Родина Македонија постојано укажуваше на нарушување на изборните процедури, изборниот закон, Уставот, злоупотреба на народни пари и масовен поткуп и планирано полнење кутии, кршење на народната волја искажана преку Референдумите, не демократски услови за одржување на било какви избори, креирани од политичкото подземје со злоупотреба на целата држава.

Единствено позитивно во оваа режирана изборна касапница, која во континуитет ја масакрира народната волја, е што се повеќе народ не сака да учествува во неа и Родина е горда што во оваа изборна фарса како и секогаш порано и како што ќе прави секогаш и во иднина, остана цврсто заедно со над 50% од својот народ. Тоа е нашиот разбуден народ!

И затоа Македонија ќе ја биде и ќе го преброди ова премрежје и заедно со сега веќе единствената суверенистичка, некорумпирана и неинсталирана политичка платформа Родина ќе го замени овој пропаднат корумпиран систем на слугите на глобал-фашизмот, со праведен македонски систем внедрен во заедничката глобална архитектура која ја градиме со сите братски слободољубиви народи на светот!

Доаѓа времето на суверенизмот, време каде секој политички субјект ќе мора да ја спроведува волјата на македонскиот народ и да се ПОТЧИНУВА на неа и да ги прифати 3те референдумски НЕ на Македонскиот Народ од 30ти септември 2018 како институционална основа за враќање на Македонија на Македонците!

Доаѓа новото време на повеќецентричниот свет, кој ќе биде пост-западен свет, каде суверените народи ќе одлучуваат за иднината на сопствените земји.

Неолибералниот глобал-фашистички поредок е во распаѓање, а наша должност е како Суверен Македонски народ, истиот дома да го поразиме.

Родина Македонија Изборите 2020 ги смета за ништовни и воедно упатува повик до сите чинители во политичкиот живот, прегрнете го македонскиот народ, слушнете го неговото дишење и раководете се од него!

Волјата на нашиот народ од референдумите е обврска за нас!

Да живее Република Македонија и суверенот македонскиот народ!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/