Новата поштенска марка издадена од „Македонска“ УЧК пошта, која точно на Денот на победа над фашизмот 9-мај издаде поштенска марка со карта на фашистичка Независна држава Хрватска (НДХ) и со име на фашистичката окупација „Северна“, пошта која денеска е раководена од балистичка терористичка структура УЧК, односно ДУИ, јасно ја дава сликата на фашистичкиот режим кој владее со Република Македонија, насила и диво поставен од структурите на глобалната светска темна фашистичка елита.

Да потсетиме на злосторствата на фашистичките балистички и бугарски структури врз македонското населeние, на НДХ врз српското население, логорите на смртта во Јесеновац, логорите за деца, егзосудост на Евреите.
Родина Македонија се поклонува пред жртвите од фашизмот и простете, ова не е повеќе држава на македонскиот народ!

Молкот на „македонските“ партии коалициони партнери на ДУИ, јасно ја дава колабриционистичката нивна улога во сите злодела против Република Македонија и македонскиот народ.

Сосема јасно ни е дека и судот припаѓа на истите структури, така да воопшто и нема да се обраќаме до него, за поведување на судска постапка, вие сте соучесници во сите злодела.

Бидете сигурни дека повторно фашизмот ќе биде поразен, Република Македонија и македонскиот народ ќе го урне и 4-от Рајх.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“