Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија
„Се е можно, за тој што верува“ – Библија
Секоја реалност, вклучително и оваа во која живееме, си има свој извор, генератор, кој проектира слика во секое населено место на планетата.
Туѓата реалност најлесно се проектира на простор каде се нема своја и каде не се верува и се напуштило домашното, автохтоното, македонското.
Денес, во нашата Македонија, по нивната реалност „Северна“, „Нашата Земја“, или народот на Македонија, живееме по образец кој е создаден од материјалистичкиот западен светоглед, со исклучување на Бог и божјото, македонското, во сите апсекти од нашето живеење.
30 години тој странски генератор произведува слика на таканаречен демократски запад, високи демократски вредности, учител по демократија, просперитет, развој, по кој тргна нашиот народ, но и многу други народи.
Секој нормален човек, во временска дистанца од 30 години живеење по одреден образец и одење по една патека би подвлекол црта и би направил анализа на квалитетот на живеењето.
Што мислите, зошто тоа не се прави?
Какви се резултатите после 30 години?
Јас ќе кажам неколку:

  • Македонија од суверена држава е претворена во територија
  • Губење на АСНОМските антифашистички принципи
  • Губење позиција на македонскиот народ како конститутивен народ
  • Губење на националните богатства и нивно префрлање на сметка на западните корпорации
  • Губење на образованието, семејните вредности и прифаќање на настрани педофилни, сексистички неолиберални идеологии кои се спроведуваат од НВО сектор финансиран од западни амбасади
  • Губење на население
  • Немање на основни човекови права на македонското малцинство во земји членки на НАТО и ЕУ, итн…
    Вие слободно направете го истото и за други земји каде имавме западна интервенција, како што се Либија, Сирија, Ирак, квалитетот на живеење пред и после таа интервенција.
    Го поставувам прашањето.
    Дали со овакви параметри, после 30 години одење по патека која ни ја проектира евроатланскиот западен таканаречен стратешки партнер, нормален народ би продолжил да оди?
    Зарем е возможно нашиот народ да прифаќа дека оваа патека на НАТО и ЕУ, нема алтернатива, во која стратешкиот партнер во суштина е стратешки гробар на македонскиот народ?
    НОВАТА РЕАЛНОСТ
  • САД неодамна призна дека во светот веќе постојат уште два центри на моќ, Русија и Кина.
  • На историскиот самит на 20-годишнината на Шангајската организација за соработка (ШОС-SCO) кој се одржа неодмна во Душанбе, Таџикистан, беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу
    Секретаријатот на SCO и Евроазиската економска комисија. Дизајниран е да ја унапреди идејата на Русија за воспоставување на Големо евроазиско партнерство кое ги опфаќа ШОС, ЕАЕУ (Евразиска економска унија), АСЕАН (Асоцијација на нации од Југоисточна Азија) и Кинеската иницијатива „Појас и пат“ (БРИ).
  • Кина откупи дополнител дел од пристаништето Пиреа во Грција
  • Минатата недела, воз натвоварен со роба во вредност од 7.81 милиони долари од Урумки во северозападна Кина, тргна за Будимпешта Унгарија, започнувајќи ја првата железничка рута на е-трговија помеѓу двата града.
  • Сојузот на Белорусија со Русија
  • Германија изгради два северни тока за гас со Русија, додека преку хибридна војна и државен удар го уриваше јужниот ток низ Македонија
  • Неодамна направен е договор за извоз на огромни количини на гас од САД во КИНА, итн…
  • За жал, досегашните политички елити кои во суштина се збируштина од минатиот антивредносен систем, не ја гледаат, односно клечејќи на Кале, го преспаа почетокот на новиот мултиполарен постзападен 21 век и ја претворија Македонија во слепо црево.
    Силата е во народот и во тој што верува!
    Тие што веруваат во Македонизмот кој создаде планетарни дела, два пати илјада годишни држави, писменост, духовност, културни центри насеакде по светот и првиот глобален модел на живеење во мир и соживот на просторот на Евроазија, МОЖЕ и ТРЕБА да се ПРИКЛУЧИ НА НОВИТЕ ТОКОВИ ВО СВЕТОТ и да ја напушти САМОУБИСТВЕНАТА ЕВРОАТЛАНСКА МАТРИЦА КАДЕ НАТО И ЕУ НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА!
    Тоа е обврска НАША, на разбудените и свесни Македонци!
    Охрабрете се, предводете го тој процес, вклучете се во Соборноста на Родина Македонија, каде слободно може да создавате вредност за својот македонски народ и нашата Родина Македонија, без притоа да мора да внимавате да не возбудите некој западен амбасадор!