Skip to content Skip to footer

ОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

Функционирањето на Владата на „Северна“, министерот Филипче, како и немање на Специјален кризен штаб за пандемијата од ковид 19 (има Комисија за заразни болести која само дава препораки до Комисијата во Владата, но нема никакви ингиренции понатаму) претставува опасност од највисок степен по здравјето на населението и националните интереси на Република Македонија.

До јавноста пристигнуваат се повеќе информации за многу изгубени животи, но и животи на млади луѓе, по ходниците на девастираното здравство, уништувано од деценските рекетарски шаблони на здравствената мафија, партизација, непотизам.

Од јавноста се сокриени многу успешни ефтини методи за лекување на Сарс-Ков-2. Очигледно, целта е да се пренасочи лекувањето во прескапите приватни клиники, каде за еден третман се бараат фантастични 13 000 евра.

Не доследен прецизен протокол на матичните лекари како примарна здравствена заштита и чекање за тестирање по седум дена. А за протокол на лечење во болниците и ковид центрите, тоа и сам Бог не може да го знае.

Родина Македонија уште на почетокот укажуваше на неефикасноста на ПЦР тестовите и несоодветноста, кои уште во Италија се покажаа со грешка од 80%. И повторно бизнис на здравствената мафија, каде тестот со набавна цена од 10 евра, се наплаќа 70 евра.

Во услови на таканаречена Вонредна состојба, акцентот на дејствието да се стави на ловење на луѓе кои не носат маски, православни слави, броење луѓе по комшии, додека од друга страна воените профитери ги полнат џебовите, претставува опасен театар со хорор сцени во живо.

Посебна прикаска се некрофилските медиуми, кои претставуваат дно на информирањето и целосно отпаѓање од тоа што е главната улога на новинаrството, вистината.

Тука би сакале да ја додадеме и духовната болка која ја предизвикуваат овие одродници на македонскиот народ со продавање на нашата светија Македонија, култура, земја, народен капитал и сопственост.

Родина Македонија повикува на ОПШТА НАРОДНА МОБИЛИЗАЦИЈА, за ОТСТРАНУВАЊЕ на оваа од надвор инсталирана власт, црпната по системите на негативна селекција на странските служби, опасна по живот и поставување на експертска техничка влада, во квалитет и знаење, пред се‘ за заштита на здравјето на граѓаните, националните интереси, добрата на Македонија и враќање на вистинската демократија, ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО!

Во овие моменти треба да се заборави на партија, идеологија, националност, вера и сите заедно да си ја вратиме Републиката!