You are currently viewing ОТВОРЕНА ВОЈНА НА ДРЖАВАТА И ЗАПАДНИОТ НЕВЛАДИН ЛГТБ, СЕКСУАЛЕН СЕКТОР ПРОТИВ АКТИВИСТИ КОИ ГИ ЗАСТАПУВААТ ТРАДИЦИOНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО!

Во нашата држава, која во суштина не е повеќе наша, туку е одземена од нас и која носи едно карикатурно име „северна“, име на франкештајн креација на западни инжинери и агентура, се води отворена војна против луѓе, активисти, организации, коалиции кои ги застапуваат и бранат традиционалните и семејните вредности на нашето општество.

Дојдовме до моментот каде Јавното обвинителство и државни органи се вклучени во хајка против активисти, организации, здруженија, движења, само затоа што организираат настани кои ги бранат традиционалните и семејните вредности, испитувајќи го финансирањето на таквите настани.

Го потсетуваме Јавното обивнителство и државните органи, дека има невладини организации кои беа предводници на државен удар при кој се промени името на државата Република Македонија, се урна уставниот поредок и волјата на нацијата, беа нападнати државните институции на Република Македонија.

Во исто време, сакаме да искажеме огромно разочарување од однесувањето на 20 политички партии лево предводени од наследниците на комунистичката партија на Македонија, СДС и 20 партии десно предводени од наследниците на идејата на ВМРО, ДПНЕ, кои молчат и дозволуваат влез на опасните трансродови и сексуални идеологии во образовниот систем на нашите деца и прогон на активисти кои не се дел од нивните масивни кеш системи.

Сакаме да се обратиме и до нашиот прекрасен македонски народ: РАЗБУДЕТЕ СЕ!
Ова не е битка на поединци, ова е битка на сите нас за зачувување на универзалните традиционални вредности на нашиот народ, за зачувување на нашето семејство, поколенија и иднина!
Без тие вредности, Содома и Гомора ќе влезат во сечиј дом!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!