Skip to content Skip to footer

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТАТА НА КОМИСИИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ПОВИК

Браќа и сестри,
Политичката партија Родина Македонија објавува јавен повик:
Во рамките на до-формирањето на работните тела на партијата и во склад со статутот, ги повикуваме секого кој има желба и способност да се пријави за членство во Секторските Комисии (наведени на крајот од текстов).
Критериуми
Познавачи на секторот, чесни, некорумпирани и почитувани во своите професии
Неповрзани со афери на досегашниве корумпирани “елити”
Приврзаност кон патриотската суверенистичка визија за Слободна Македонија
Начин на пријавување
Пополнета електронска пристапница, еден параграф кратка биографија, еден параграф за својата улога во Родина Македонија преку мејл на адреса contact@rodina.org.mk со назнака во насловот за која секторска комисија се пријавува.
Повикот заедно со критериумите е објавен на веб страницата на Родина Македонија (www.rodina.org.mk) и на социјалните мрежи на 23ти април 2020 со две недели рок за пријавување заклучно со 7ми мај 2020 година.
Пријавувањето е за учество во следниве комисии формирани во склад со статутот на Родина Македонија:

  • Комисија за Меѓународни Односи
  • Комисија за Образование и Наука
  • Комосија за Здравство
  • Комисија за Социјални Прашања
  • Комисија за Финансии
  • Комисија за Економија и Развој
  • Комисија за Енергетика
  • Комисија за Природни Ресурси
  • Комисија за Екологија
  • Комисија за Транспорт, Градежништво и Инфраструктура
  • Комисија за Информатичка Технологија
  • Комисија за Нови Технологии и Иновации
  • Комисија за Млади
  • Комисија за Туризам
  • Комисија за Земјоделство и Сточарство
  • Комисија за Политички Систем, Општествено Уредување и Уставни Прашања
  • Комисија за Државна Администрација и Систем на Управување
  • Комисија за Одбрана
  • Комисија за Безбедност
  • Комисија за Култура и Уметност
  • Комисија за Историја
  • Комисија за Верски Прашања
  • Комисија за Иселеништво

23ти април 2020

Скопје, Македонија