Skip to content Skip to footer

ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА – СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА

Новите предлог мерки предложени од страна на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, не поминаа на седница на Влада односно се одлучи дека мора да бидат инкропорирани во Закон. Овие предлог-мерки вклучуваат задолжително носење на маска и на отворен простор, со одредени исклучоци, како и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни површини, но овој пат навлегоа и во домот, односно се предлага и забрана за одење на гости на повеќе од четири лица.

Имено, во Член 8 од Уставот стои дека: „Во Република Македонија слободно е сѐ што со Уставот и Закон не е забрането“. Од ова произлегува дека треба со Закон да се забрани движење без маска на јавен простор, или пак групирањето и гостите.

Член 11 вели дека: „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Член 14 вели дека: „Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено, не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна“. Од ова произлегува дека треба да има Закон кој ќе го предвиди како казниво или прекршочно дело – неносење маска или групирање и одење по гости, за да некој биде казнет.

Уредба со законска сила веќе не може да се донесе, нема вонредна состојба. Единствен легален начин е прекршокот „неносење маска“ или „забрана за групирање на 4 лица“, или „забрана за одење по гости на повеќе од 4 лица“ или како веќе и да ќе ги дефинираат, да биде инкорпориран во Закон. Во оваа реакција не навлегуваме во тоа дали овие мерки воопшто имаат некаква научно-медицинска и рационална смисла.

Владата одлучи закрила на овие предлог-мерки да биде Законот за заштита на население од заразни болести. Овој закон е донесен во 2004 година и сѐ уште не е усогласен со меѓународните конвенции кои се ратификувани во Собранието на Република Македонија. Отворањето на овој Закон е одлична прилика да се усогласи со овие конвенции. Доколку тоа би се случило, членот 33 каде вакцинацијата е дефинирана како „задолжителна“, би требало да се замени со „доброволна“. Но, познавајќи ги сосотјбите, Родина Макеоднија нема никакви илузии дека ова би се случило.

Нејасно е како планира Владата да го протне овој Закон со брзина на светлината како мерките би станале ефективни. Можеби под европско знаменце? Нејасно е и како точно ќе бидат дефинирани прекршоците или кривичните дела во овој Закон..

Исто така, никој не споменува ништо за тоа дали за кривичното дело “гости повеќе од четири“, министерот Спасовски останува на ставот дека нема да биде потребен судски налог и полицијата ќе има дозвола да влезе во домот затоа што на гости ви дошле повеќе од четворица, само по пријава, „кодошење“ или сепак, ќе мора тој чин претходно да биде одобрен од Суд.

Родина Македонија го набљудува овој театар и се прашува што е навистина посреди во менувањето на Законот за заштита на население од заразни болести? Секако причина за овие измени не се маските и гостите, туку нешто многу поопасно. Дали КОВИД-19 ќе се внесе во Законот за заштита на население од заразни болести, член 33 (каде се наведени болестите против кои задолжително се вакцинира)? Дали се планира измена и на член 58 каде би внеле некаков став кој ќе го оправда влегувањето на полиција во домот (според Устав „неповредлив“ и не смее никој да влезе БЕЗ СУДСКИ НАЛОГ? Член 26 Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.

Член 58

Кога со мерките пропишани со овој закон не е можно во Република Македонија да се спречи внесување и ширење на одредени заразни болести, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството може да ги нареди следниве мерки:

1) да одреди услови за патување, како и мерки и услови при враќање од држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести;

2) да забрани патување во држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести;

3) да воспостави посебен режим на движење или да забрани движење на населението во заразените, односно загрозените подрачја;

4) да забрани собирање на населението на јавни собири, во кино сали, училишта, јавни објекти, локали и други јавни места, додека трае опасноста од ширење на заразната болест;

5) да ограничи или забрани промет на одделни видови на стоки и производи и

6) други мерки пропишани со овој закон.

Бидејќи според Устав секако е потребен судски налог, навидум личи дека не постои начин во било кој Закон да внесат член или став кој ќе дозволи влез на полицијата БЕЗ СУДСКИ НАЛОГ, бидејќи такво нешто би било противуставно. Да не заборавиме, една држава својот правен систем го гради и спроведува според Устав, ратификувани меѓународни конвенции во својот Законодавен дом, ако ги има и потоа Законите кои треба да се усогласат со истите.

Но, што е уставно во нашата напатена Македонија последниве триесетина години?

Родина Македонија будно ќе ги следи предлог-измените во овој закон и ќе ја известува јавноста.

Чувај се народе, варди си го домот, Македонија се претвора во полициска држава. Дури сега ќе сфатиме што значи „Село без кучиња“.

Освен ако не дозволиме.