Родина Македонија го осудува воведувањето санкции кон Република Турција како полтронски поданички чин на анти-уставната Хунта по налог на нивните газди однадвор, и чин кој е крајно неодговорен, штетен и против Македонскиот национален интерес. Продолжува анти-македонската политика на нелегитимната влада инсталирана од надвор со геноцидното име „Северна“ со носење одлуки спротивни на македонските национални интереси.
Игрите за профит на европските сили во Егејскиот регион, секогаш биле опасни и со фатални последици по македонскиот народ.
Турција е земјата која меѓу првите ја призна Македонија под уставното име и која во сите документите на НАТО со фуснота го брани тоа име. Од првиот ден на нашата независност, Турција во континуитет е на страна на македонските национални интереси и сојузник на Македонија.
Родина Македонија сите одлуки на оваа власт ги смета за ништовни.