Skip to content Skip to footer

Реакција на Родина за откритието на СДС за темните сили во државата

СДС разоткрил шокантни информации за однапред подгответно сценарио од страна на мрачните сили на бившиот режим.

Јавно го прашуваме СДС(Северно) дали има поголема мрачна сила од креаторите на Северна и извршителите на Северна, кои го погазија Уставот на Р.Македонија, законите, Собранитето, меѓународното право и вољата на народот?

Дали има помрачна сила од силите на НАТО кои под превезот на демократијата убија толку многу народи и ја предизвикаа најголемата мигрантска криза ?

Дали има помрачни сили од рекетарскиот систем на ЕУ која овде праќа само идиоти, пијаници,рекетари политичари неизбрани од народот на европа ?

Дали има помрачни сили од странските служби кои преку хибридни војни уриваат држави и ја урнаа Република Македонија ?

Северна е најмрачниот проект кој некогаш се случил на овие простори и кој ги надмина и методите на Рим, Османлиите, фашистите, кои никогаш не се осудија да променат име на народ.

На сите креатори на Северна им порачуваме, ќе дојде денот ќе лежите во мрачни зандани за државниот удар Северна, а организаторите од западните служби ќе одговараат пред меѓународниот суд на правдата.

И за крај имаме прашање од интерес на правдата. Имаме празен мрачен куфер, каде треба да го доставиме, СЈО,СДС или Влада?

Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/