Skip to content Skip to footer

Рекетот и театарот на темната држава Северна

Пандора е отворена, ја отворија уште повеќе со инсталирањето на Северна, спротивна на вољата на македонскиот народ искажана на 2-та референдуми, спротивна на Уставот на Македонија и спротивно на меѓународното право.

Денеска сме сведоци како една маргинална личност како што е Боки 13 изнудува пари и како со тие пари го средува целокупниот судски систем за ослободување на осомничен и молк на државата. Во народот од дамнина се знае за тарифите на судскиот систем, кој ослободува, односно намалува казни на убици, знаеме за неговата тотална нефукционаност кој со години решава случај на убиство на деца, Уставен суд кој молчеше додека се уриваше Уставниот поредок на Р.Македонија, држава која не функционира по вертикала и хориозонтала, а за која Македонецот плаќа со 3,4 илијарди евра, негов труд од утро до мрак.

Во Македонија постои македонска темна држава, која менува политичари како пелени секогаш кога ќе се избербати системот и темна држава во која се изгубија многу чесни и чисти македонски души. Држава која инсталира политичари по политички партии, која глуми промени и која е во реформи откако знаеме за себе. Во Македонија годишно се рекетираат од македонскиот народ 680 милиони евра, или 12 милијарди евра од независноста до денес. Боки 13 и Катица 6, со СЈО на Бејли е театарот во кој сите излегуваат со полни куфери, вклучително и западните мешетари. Темната држава го контролира целокупниот општествено, политички, економски, медиумски систем.

Ние од Родина сме надвор од театарот на темната држава, ние ги креваме завесите на тој театар за да биде видлив за нашиот народ.

Во вредносниот систем на Родина, судскиот систем мора да продуцира ПРАВДА, за тоа тој зема пари од народот.Правдата и законот е над сите нас и таа не зависи од нашата позиција. Суд кој не продуцира правда добива отказ, како што работникот кој не продуцира вредност. Во судот ќе работат најправедните и најчестивите, врз нив ќе се изгради системот на правда и во нормални судски процеси пред очите на јавноста ќе се демонтира темната држава со одземање на целокупниот имот и враќање во сопственост на народот на Македонија.

Сето ова е дел од нашиот Вистински Македонски Пат, тоа е нашата визија за Македонија во 21 век, Редржавизација и држава во служба на народот.

Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/