Skip to content Skip to footer

„РЕФОРМАТОРОТ“ МИЦКОСКИ

Среќна околност за народот македонски е секако, сознанието дека во нашите македонски редови располагаме и со реформатор. Реформаторот е претседателот на партијата ВМРО – ДПМНЕ, која себе си се смета за опозициска, а во реалноста делува како фракција во редовите на СДС.

Имавме можност да прочитаме од фракционерските портали дека Христијан Мицкоски се сретнал со грчкиот амбасадор во Република Македонија, Димитрис Јанакис. Во атмосфера заснована, се разбира, на традиционално пријателство, Мицкоски на грчкиот амбасадор му рекол дека Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се фокусира на суштински реформи! Ова, по сè изгледа длабоко го трогнало амбасадорот, барем по изразот на неговото лице прикажано на сликата на фракционерскиот портал, а тоа, пак, му дало поттик на Мицкоски да ја елаборира својата посветеност кон реформаторскиот процес кој нè очекува (оваа година или догодина ќе биде јубилејна 30 – та реформаторска година). Така, тој на неговиот грчки гостин му рекол дека како клучен проблем со кој се соочува Република Македонија, е проблемот со високата кopупција,  а напоменал и дека во нашата држава има низа нeрaзрешени кpиминални афeри во кои се вмешани највисоките структури на власта. Рекол и тоа дека некaзнивоста на кpиминалот и кopупцијата ја кочеле интeграцијата на Македонија во Европската Унија (што значи и признание дека во Македонија 30 години владее криминалот и корупцијата, штом сме исто толку години „закочени“). И, на крај, во стил на голем дипломат, поентирал дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусирала на суштинските реформи по 12-ти април и уште, додал, дека Република Македонија ќе се најде на брзата лента за членство во Европската Унија! Ова последново, со лентата и брзината, секако дека одѕвонило многу позитивно и со олеснување во дипломатскиот кор во Република Македонија, со оглед на тоа дека ова е и последниот услов кој треба да го исполниме, па да се приклучиме кон фашистичкото дувло, т.н. Европска Унија.

Со задоволство ќе го примиме и сознанието дека соговорниците постигнале согласност околу тоа дека фер и демократски парламентарни избори се основата на една европска демократија, а иднината на државата ќе зависела од овие избори!!!

И, така, реформаторот Мицкоски му покажа мускули, односно заби на грчкиот амбасадор дека, онака забрзани на лентата, за кратко ќе ја надминеме и Грција во гореспоменатото дувло. Се разбира, заради брзината со која се движиме кон европската светла иднина, немало време за разговор за Преспанскиот договор и за неговите геноцидни последици. Немало сигурно разговор ниту за Македонците во окупираниот дел на Македонија. Немало разговор ниту за тоа дека „Северна“ е проект со кратко времетраење и дека идната влада на ВМРО – ДПМНЕ ќе го отстрани тој вештачки израсток од името на библиската земја Македонија и би си го повратиле идентитетот! Но, што е тоа толку битно во споредба со барањето на поддршка за идните избори, кога треба да се освои власта? Зашто да се нарушува „реалноста“ кога победата на изборите им е сосема близу, на дофат? За жал, разликата меѓу двата соговорници е во тоа што грчкиот амбасадор дошол да се осигура и да чуе како може да ѝ наштети (евентуално) новата власт на неговата држава, а за нашиов политичар (додуша, не е јасно дали станува збор за политичар, за професор или за бизнисмен), не е важна штетата што ѝ е нанесена и сè уште може да и се нанесе на Македонија, зашто единствено важна е лично – партиската корист која може да се добие, па макар и со помош на црниот ѓавол! И, така, си остануваме верни на нашата реформаторска историја, односно традиција: до наредните избори (ако, воопшто, дотогаш нè има!), кога некој друг Мицкоски, Заев или било кој друг од партијата СДС – ДПНЕ повторно ќе нè убедува дека само ако се освои власта, ќе се спроведат нови далекусежни реформи какви што никој пред нив не ги направил.

КОЛУМНА КОСТА ЈОВЧЕВСКИ