Реформа на Политичкиот Систем За Возобновување на Македонската Државност – Козметика не е Доволна!

Програмска целина – Политички систем – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!

Врска до Политички Систем на страницата на Родина Македонија

Од основните програмски цели

  1. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
  2. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
  3. Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
  4. Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
  5. Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
  6. Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија од 1991.
  7. Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
  8. Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
  9. Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства незаконски доделени од политички причини од 1991 наваму.
  10. Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
  11. Прочистување на сите Македонски Институции од кадар лојален на туѓи интереси.
  12. Забрана за учество во политика со повеќе од два мандати за секого, а општа забрана за учество во политика и вршење јавни функции на амнестирани и аболицирани лица вмешани во био каков криминал  и отворање на процес со судско -правна разврска и конфискација на имотот на корумпираните нелегитимни елити.

Основни Стратешки Цели 

  • Македонија е организирана како Република со Претседателски систем каде никој нема право да ги менува уставните темели на Македонија како држава на македонскиот народ.
  • Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата.

Политички Систем

Претседател – Македонија ја раководи претседател кој се избира на рок од 5 години, најмногу на два мандати и на основа на програма за развој на Македонија во тој мандат а во согласност со долгорочната Македонска Доктрина и Националната Стратегија на Развој. Претседателот именува Влада која ја спроведува неговата програма и која во секој момент може да ја промени. Претседателот ја представува Република Македонија во странство и е Командант на Македонските Вооружени и Полициски сили.

Влада – Владата на Република Македонија е назначена од Претседателот на Македонија и е составена од Премиер и Министри кои ги назначува Претседателот. Владата, Премиерот и секое министерство работи на спроведување во дело на програмата на Претседателот за што редовно се отчитува пред народот, собранието и Претседателот.

Општествени совети – со надзорна, консултативна и советодавна улога, составени од обични граѓани на Република Македонија професионалци од таа и други слични сфери ангажирани на про-боно основа  која ќе ја зголеми транспарентноста и пред кои, секое министерство и јавни институции ќе мора да се одчитува за минатата работа, тековните и планираните работи.

Собрание – Собранието има главна улога да го усогласува законодавството да биде во функција на спроведувањето на програмата на Престедателот и развојот на Република Македонија и се состои од 60 пратеници избирани на рок од 5 години избрани во една изборна единица која ја опфаќа целата територија на државата и максимум еден изборен мандат и предложени од политички партии или од група од 100 граѓани.

Политички партии – Регистрација на политички партии е дозволена само врз економска основа а не врз национална или идеолошка. Политичка партија се регистрира со 100 пристапници.

Судство – Професионално, патриотско и некорумпирано судство.

Уставен Суд – Назначен од Претседателот на Република Македонија со цел да ги брани темелните принципи на уставот на Република Македонија.

Политички мерки во согласност со основните цели

  • Поништување на Охридскиот и Пржинските договори како вонуставни и нелегитимни и престанување на дејствата на сите вонинституционални и анти-уставни решенија произлезени од нив!
  • Поништување на Преспанскиот договор
  •  Целосно отфрлање на Тиранската платформа!
  •  Поништување на договорот со Бугарија!
  • Прекинување на преговорите за името со Грција и барање за прием во ОН под уставното име Република Македонија а врз основа на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг!
  • Пре-регистрација на сите политички партии, невладини организации и здруженија на граѓани и забрана на работа на сите тие кои имаат анти-уставни програми или дејствија
  • Забрана на делување на странски организации страна чии програмски цели и дејствија се анти-уставни и забрана на финансирање од нивна страна на домашни агенти!
  • Забрана на финансирање од странство на домашни организации и медиуми од извори чија цел е ширење туѓа анти-македонска пропаганда на политичка, национална и верска основа!
  • Задолжително користење на Македонскиот јазик како официјален во сите национални и општински установи и органи на власт со задолжителен тест на знаење на вработените!
  • Задолжителна употреба на Македонското знаме како официјално во сите национални и општински установи, институиции и органи на власт со казна за непочитување!
  • Забрана за ширење на меѓунационална и верска омраза вклучително и забрана на работа и влез во земјата на вахабистички оџи спонзорирани од странство!
  • Попис на населението според меѓународна статистичка методологија!

Спроведување

Македонскиот политички систем ќе се реформира централизирано од Претседателот, владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Вашите предлози за Програмската Целина – Политички систем може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/