You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА КРИЗАТА СО ПЛАНДЕМИЈАТА!

Родина Македонија будно ја следи состојбата со Пландемијата со Ковид 19, која во суштина е глобален проект од исклучиво материјалистички алчно корпорациски побуди.
Поминаа веќе 2 години од почетокот на Кризата со Сарс Ков 2 и денес со сигурност може да кажеме дека мерките кои се превземаа од страна на официјалните органи се катастрофални, не донесоа никаква промена ниту заштита на населението, напротив, направена е огромна штета по здравјето и економијата на огромен број на луѓе.

За да го сопреме тој процес, Родина Македонија ги предлага следните мерки, кои во суштина се нормализирање на состојбите:

Предлагаме:

  • Укинување на Ковид сертификатите.
  • Укинување на ПЦР тестот како задолжителен.
  • Укинување на маските во училиштата, јавните објекти.
  • Продолжување на зимскиот распуст до 1 февруари. Не само оваа година, туку и годините наназад покажаа дека почетокот на полугодието е пропратено со огромно отсуство на деца од наставата поради вируси, настинки, грип и други болести.
  • Проверка и контрола на вакцините, поготово тие за Ковид 19, но и дргугите, кои се покажаа како неефикасни, но и со многу штетни нус појави!
  • Право на избор за медицинска интетвенција!
  • Само во овој период на вируси, грип и други болести, забрана за настани во затворени простории кои собираат над 500 луѓе и во сооднос со големината на просторијата, вентилација, итн….
  • Контрола на кафулињата, дискотеките кои во релативно мали простори собираат прекумерна број на луѓе и нивно ограничување.
  • Итна реформа на здравствениот систем, негова декриминализација, деполитизација и денепотизација.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/