Македонскиот народ многу јасно и недвосмислено се изјасни на Референдумот од 30 септември 2018 година со отфрлање на договорот од Преспа, членството во НАТО и ЕУ.
Етноцидот „Северна“, проектиран од западните и служби од соседството, многу скоро ќе биде предмет на судски процес и гонење, со откривање на веќе познати информации од таа операција на хибридна војна против Република Македонија и македонскиот народ.
Прелет на воени авиони на неприфатени воени организации и странска земја над сувереното небо на Република Македонија, претставува чин на агресија и Родина Македонија и македонскиот народ како таков го осудува и упатува протест до НАТО и Република Грција.
Родина Македонија добронамерно ја советува Република Грција да започне со спроведување на меѓународното право и правото на малцинствата во сопствената земја, а Европската Унија да започне со отварање на поглавја за човекови права во таа нивна земја членка..
Кредибилитет на НАТО кај народите во светот е еднаков на нула. Парадирање со воена опрема е очаен обид на демонстрација на сила, која НАТО повеќе ја нема.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“