Skip to content Skip to footer

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ НАПРАВИ ЖЕЛБИТЕ НА УЧК ЗА ПРЕМИЕРУВАЊЕ ДА ОСТАНАТ ТОА ШТО И СЕ, МОКРИ СОНИШТА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно зема обврска дека не ги признава и никогаш нема да коалицира со ниедна етничка партија, туку дека освен македонскиот народ, сама ќе ги застапува правата на сите малцинства и ќе обезбеди благосостојба за сите во Македонија. Сите партии со етнички предзнак ќе бидат поништени како анти-уставни и секој припадник на малцинствата своите граѓански изборни права ќе ги остварува низ партии засновани на идеологија а не на малцинска основа.

Згрозени сме од јавното обраќање на Али Ахмети до сите албански партии и албанци со образложение за обединување за избор на прв премиер албанец на Република Македонија.
Секако ова не е изненадување, една оваква помпезна најава, која покасно ќе биде претворена во уцена, односно ултиматум за формирање на следната коалициона влада. Нешто што го преживуваме од 2001 до денес. Ова е континуирано превземање на државата Македонија во рацете на албанските партиски служби.
Само накратко да се потсетиме на предупредувањето на долгогодишниот пријател и почитувач на Р Македонија и македонскиот народ, почитуваниот амбасадор од Германија во Македонија, Ханс-Лотар Штефан (1935-2011) „Духовен воин на Македонија“ во неговата книга ‘ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ‘, на недвосмислен и експлицитен начин ни презентира, дека опстанокот на државата Р. Македонија е сериозно и комплексно прашање.
Покрај субверзивните намери на соседите кон Р. Македонија тој не предупредува и советува дека најголемиот рушител на државата е внатре во самата држава, односно доаѓа од албанското малцинство. Преку неговата константна активна тенденција за сегрегација, поставување на нереална историска теза за нивна постојана сопствена територија, активен вековно демонстриран апартхејд . Советот ни е даден и поткрепен со оргинални архивски документи.
Понатаму своето обраќање тој, Али Ахмети, алијас Александар-Аца Антиќ кодно име дадено од ЈУ тајните служби за потребите како нивен соработник, секако заслужено поради определени девијантни дејанија, на нагласено непримерен начин, глорифицира во потврдувањето и набројувањето на постигнувањата на неговата партија и дека албанскиот сон (американски сон) се остварува, но дека времето за уште поголеми сништа допрва доаѓа! Со еден збор јасно и гласно ни укажува дека нема крај на големоалбанските апетити!
Вели‘‘ …албански лидер кој ќе го гарантира доживотното партнерство со САД и ЕУ!‘‘ Јасно давајќи до знаење дека во предвид го зема пријателството на тие кои го подржуваат во нивните придибивки на сметка на губење на правото на суверенот основачот на македонската држава , македонскиот народ и лојалните малцинства.
При тоа го занемарува јасно искажаното право на определба на македонскиот народ и лојалните малцинства на референдумот од 30 септември 2018 г. со јасно искажаните ТРИ НЕ!!!

Мора да се пресече тешкото заболено ткиво и во албанските и во македонските партии, со нивно дефинитивно укинување, кои сопствениот опстанок и доаѓање на власт го остваруваат, едните преку уцени и ултиматуми а другите со отстапки и удоволување!

Родина Македонија во сите свои заложби, програма, делување нема да дозволи понатамошно непријателство на два народа кои вековно живеат еден до друг, но никогаш не им дозволија да живеат еден со друг!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/