СЕРГЕЈ ЛАВРОВ И ПОПИС 2021

Пишува Никола Чоневски, член на Претседателството на Родина Македонија

Со овој цитат од изјавата на Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија дадена на 21.5.2015 година, сакам да направам една паралела со тоа што е изјавено пред 6 години и денешната ситуација која преку окупациската северџанска хунта предводена од инсталираниот Црпко Муртински алијас Зоран Заев, се спроведува до збор сето она кое беше цел на жестоки критики и гаранции дека не е можно да се случи:

(лик од написот)

“Настаните во Македонија се грубо контролирани однадвор. Официјално Груевски е обвинуван дека не си ги извршува обврските кон општеството, дека злоупотребува власт, но зад ова тврдење се крие одбивањето на македонската влада да ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија и поради „Јужен поток”, како и подготвеноста на Скопје да учествува во „Турски поток”. Тоа е многу тажно и опасно, бидејќи се прави обид да се активира албанскиот фактор. Пред извесно време, кога во 2001 година беше потпишан Охридскиот договор, имаше сериозни контроверзии. Сега се покренува темата дека Македонија треба да се федерализира и дури се изрази идеја за територијална поделба на земјата помеѓу Албанија и Бугарија “, изјави Лавров.

Од фамозната изјава на Лавров, која во западните кругови и центри и нивната подредена петта колона во Македонија беше дочекана на нож, од денешна перспектива гледаме дека сме на крајот на процесот изрежиран токму од истите западни центри кои го инсталираа Црпко Муртински да ја спроведе агендата до збор за која нѐ предупреди Лавров.

Јасно ни е какви сѐ штетни договори и процеси се случија во изминативе години од 27 Април 2017 година до денес, кога неуставно, непроцедурално и нелегитимно беше устоличен Црпко Муртински и неговата банда за ново парламентарно мнозинство. Нелегитимните договори кои го кршат меѓународното право како Преспанскиот договор, Тиранската платформа и Бугарскиот договор се само увертира на самоукинувањето на Македонецот преку инсталираната од надвор власт која со целата своја неуставност и нелегимитет беа признати од ЕУ и САД, налик на Гуаидо во Венецуела, Ањез во Боливија, Тихановскаја во Белорусија…. Да, добро прочитавте, нашите т.н. западни стратешки партнери побараа балкански методи во устоличувањето на Црпко Муртински на премиерското столче, додека од злобните пенави усти безлично им тече зборот демократија.

Лавров пред 6 години само нѐ предупреди во кратки црти за пеколниот план кој ѝ се спрема на Македонија. План кој после неуставната, нелогична, нелитимна двојазичност на територијата на цела квази-држава, преточен во Тиранската платформа како услов за формирање на влада, претходеше на укинување на историската нишка на Македонецот преку Преспанскиот договор со антиката и преку договорот за добрососедство со Бугарија, со средновековниот период до 1945 година, каде се укинува македонската историја и постоењето на македонскиот народ низ милениумите. Народ без јазик, историја и култура не е народ, туку ете и според пописот кој е климаксот во тој пеколен план е само заедница. Етничка заедница.

На што сѐ е подготвен Црпко Муртински може да ни послужат примерите од неуспешниот референдум за промена на уставното име, каде Македонецот јасно и гласно преку бојкот им кажа НЕ на сите белосветски џукели кои нѐ посетија или нѐ убедуваа да го подржиме. Неговата агенда ја видовме и преку изборните циклуси каде брутално се вршеше масовен изборен инжинеринг за кражба на волјата на гласачите и фингирање на бројките за излезност на истите преку нивниот терористичко-мафијашко-криминален партнер УЧК.

Сега, за да ја закопа и погреба Македонија, Црпко треба да го спроведе последниот чин на уништување на Македонија и тоа преку фингиран попис, каде после избришаната историја, избришаното име, избришаниот идентитет, од гореспомнатите анти-македонски договори, треба да спроведе попис кој ќе ги дефинира границите на федералните единици на федерацијата која де јуре на терен е жива и функционира, за де факто да станеме федерален Северџанистан помеѓу племенските заедници, со избришан македонски народ, кој ете според бугарската жестока пропаганда на кои сме сведоци последниве месеци, до 1945 бил бугарски народ, за подоцна таа иста федерација Северџанистан да се подели помеѓу Албанија и Бугарија, нешто налик на поделбата од 1941 година, за која не предупреди Лавров.

Македонците мора масовно и здружено да го бојкотираат овој попис, како што здружено и братски го бојкотиравме референдумот и здружено да го срушиме црепот муртински од власт, на кој, кога-тогаш ќе му се суди за велепредаство пред народен суд!!!

#НеОтворамВрата

#РодинаЗаМакедонија