„СЕ ИЛИ НИШТО“, ЛУДАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ЗОРАН ЗАЕВ И СДСеверна!

You are currently viewing „СЕ ИЛИ НИШТО“, ЛУДАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ЗОРАН ЗАЕВ И СДСеверна!

Од таканаречена Влада на човекот кој игра покерска политика со македонскиот народ на „СЕ ИЛИ НИШТО“, повторно закани, ЗАТВОР, ЗАТВОР, ЗАТВОР, КАЗНИ, ПОЛИЦИСКИ ЧАС, „ALL IN”!

Наредбодавачот на Владата, инаку Губернатор со фашистички менталитет, кој не успеа со Референдумот, а сега со Пописот, е во повторен обид за бришење на македонскиот народ од државотворни народи и негово претварање во етничка заедница.
Тие се сė понервозни, затоа и се закануваат со затвори, казни, полициски час, апсења.
Ние сме загрижени!
A каде се ураниумските демократски бомби, зарем сите ги потрошивте?
Ни недостасува тој демократски ураниум!

Нивните нервози, закани, за нас се мотив плус, да ги урнеме, со ум, знаење, родољубие, соборност, закон, Устав на Република Македонија, меѓународно право, од улица, од внатре, надвор, шума….

Родина Македонија сака да ги потсети на вистинските кривични дела, кои и те како ќе се процесираат пред народниот суд:

  • Велепредавство
  • Избор на Претседател на Собрание на Република Македонија, надвор од собраниска седница и без присутно мнозинство
  • Закани и купување на пратеници
  • Неовластено потпишување на меѓудржавен договор, Преспанскиот договор.
  • Понижување на Република Македонија и македонската нација, Договорот за добрососедство со Бугарија
  • Учество во државен удар, таканаречена Шарена револуција
  • Неовластено снимање, прислушкување, објавување на снимени материјали
  • Членство во меѓународна организација НАТО, спротивна на волјата на македонската нација, со неуспешниот Референдум од 30 септември 2018
  • Вмешаност на странски земји и служби
  • Непостапување на судовите, итн, итн..

Наш народе, не плашете се, потрошен е Губернаторот на Франкшетајн креацијата „Северна“, потрошени се неговите филмови, соништа, неговата империјална моќ.
Влегуваме во постзападен свет, повеќе центричен, каде секој народ ќе живее според неговите вредносни ситеми, со меѓусебно почитување на суверенитетот, културната посебност.

Попис нема да има, македонскиот народ нема да учествува.
Но секако, пожелно е да се попишат сите терористи, убици и криминалци на неолибералното друштво, целата иредента водена од Губернаторот на Северна.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/