СООПШТЕНИЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

You are currently viewing СООПШТЕНИЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Политичката партија Родина Македонија го потврдува своето присуство на протестот пред Владата на Република Македонија, на 29.5.2021 година, организиран за слобода на уставобранителите.

По тој повод, Родина Македонија ги повикува своите членови и симпатизери да се придружат на
протестот и достоинствено да го изразат своето незадоволство од самоволните и неодмерени постапки на властите и судските органи во вршењето на досега невиден прогон на македонските патриоти.

Родина Македонија се обраќа и до другите граѓани на Република Македонија да излезат пред Владата на Република Македонија и, достоинствени и сплотени, да покажеме отпор на оние кои го уриваат секое човечко достоинство и патриотизам на своите граѓани. Настанот треба да биде народна реакција и не треба да биде злоупотребен за партиски цели, поради што, Родина Македонија очекува дека нема да се истакнуваат никакви партиски обележја, кои би биле во функција на било која партија, освен македонските знамиња ( 16 зрачно сонце) како симбол на национално обединување против тиранијата!

Сите пред Владата на Република Македонија на 29.5.2021 година
(сабота), во 18,30 часот.

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница