You are currently viewing СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА ИЛИ КРИМИНАЛНО ПОЛИТИКАНТСКИ ПАЗАРЕЊА?

Родина Македонија како современа партија на народот смета дека во Република Македонија живеат Македонци (по род и државјанство)  и граѓани со стекнато жителство, времен престој или друг регулиран претстој или едноставно странци. Сите оние кои не се препознаваат во претходно наведените категории едноставно го злоупотребуваат македонскиот пасош, државјанство и придобивките што ги овозможува Република Македонија.

Тоа е така насекаде во светот или скоро насекаде, барем онаму каде владее мир, демократија и цивилизација. Овој светоглед е посебно истакнат во Европа и САД. Во Германија живеат Германци, во Франција Французи, итн. Но, затоа во Афганистан покрај Афгани живеат и Паштуни, Арапи, Туркмени, Курди, Перси .и други десетина „Етнички Групи“. Исто и во Сомалија, покрај Сомали живеат 6 други групи кои покрај што се Сомалијци и пирати, тие се и „Етнички Групи“. Да резимираме, јасна е тенденцијата каде се појавуват „Етнички Групи“.

Поради горенаведените јасни прилини, Родина Македонија смета дека пописот е само статистичка операција, но скапа статистичка операција и како таква може и би требало да биде изведена електронски, компаративно или апроксимативно како во Холандија, Данска или Јапонија на пример. Затоа што ние веќе имаме биометриски пасоши и прецизна бројка колку од нив се активно присутни во земјава. Ако веќе се оди на „рачно“ фактичко пребројување и политички попис сметаме дека таквиот попис мора да биде спроведен со :

1) Консензус;

2) Меѓусебна  доверба;

3) Без уцени и закани;

4) Без претходни предвидувања и лецитирања на резултатите

5)* Пописот да го спроведе стручна, етаблирана и обучена пописна комисија на Република Македонија.

*Сметаме дека петтата точка е можеби и најважна, затоа што мнозина Македонци не го признаваат за свој нелегитимниот и нелегален државен апарат на т.н „северна“ и затоа нема воопшто да се попишат.

Но, исто така не е занемарлив фактот дека ниту една од погоре наведените точки не се исполнети, а згора на тоа владее огромна НЕДОВЕРБА и КОРУМПИРАНОСТ на системот.

Кратко кажано НЕМА УСЛОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ РЕАЛЕН И ПРЕЦИЗЕН ФАКТИЧКИ ПОПИС.

Од тие причини Родина Македонија смета дека пописот ќе биде невалиден, неточен, политички обоен и најважно од сѐ, спроведен од нелегитимен државен апарат.

Пописот ќе биде навреда за интелектот на просечниот Македонец без разлика на неговата етничка, верска, или политичка припадност! 

Покрај тоа,Родина Македонија има проверени и многу прецизни информации кои велат дека во Република Македонија живеат од 16,3-17,7% граѓани со албанско етничко потекло, а истите на пописот треба да бидат претставени како Албанци (Оваа формулација, Албанци, секаде во светот би значела државјанин на Република Албанија). Покрај тоа истите граѓани ќе бидат прикажани во сооднос помеѓу 25-30%? Ова преставува криминално политикантство и политички пазар, а никако статистичка операција во демократија каде владее правото и здравиот разум!

Токму затоа:

Родина Македонија нема да ги признае резултатите од пописот ако на него не фигурираат МАКЕДОНЦИ покрај етничките додавки и придавки. И ја повикува целокупната Македонска нација да не ги признае резултатите од пописот доколку на него фигурираат повеќе од 18% граѓани со албанско етничко потекло.

Македонија на Македонците 

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/

This Post Has One Comment

  1. ПравоСлавен

    Нека е Вечна Верата наша Македонска, Верата наша Православна !

Comments are closed.