СТОП ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

You are currently viewing СТОП ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани Македонци (по род, државјанство и самоопределување),

Сакаме јавно да предупредиме на разорните и погубни политики кои ќе бидат спроведени од страна на нелегалната и нелегитимна власт на т.н. северна, по кој знае кој пат. Политики кои ќе доведат до изедначување на македонскиот народ со некакви си “етнички заедници” и целосно (само)уништување на македонската нација. Сето ова ДОЛГОРОЧНО ќе доведе до ЕТНОЦИД на Македонците и исчезнување на Македонија.

Овој процес на етноцид е овозможен од постојаните кавги и расправии во опозицијата. Кога тоа беше на ниво – непарламентарна опозиција можеше некако и да се толерира. Но, сега кога влогот е подигнат многу високо и кога “завојуваа” парламентарните опозициони партии ДПМНЕ и Левица, работите стануваат алармантни!

Родина Македонија апелира до овие партии под итно да ги закопаат “воените секири” и да го прекинат уривањето на македонските позиции наспроти јакнењето на позициите на хунтата, врховизмот и великодржавните иридентистички апетити.

Апелираме и го замолуваме целото македонско општество, посебно парламентарните опозициони партии да се издигнат над дневните политики и да работат на заштита на Македонија и македонските интереси!

Преоритет на секој родољуб, чесен и достоинствен човек треба да биде уривање на нелегалната узурпаторска власт и заштита на сѐ МАКЕДОНСКО.

КАЖЕТЕ И НАПРАВЕТЕ НЕШТО ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/