Skip to content Skip to footer

СТРУЧЊАКОТ ЗА (АНТИ)МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

По којзнае кој пат, нелегитимниот премиер се „прослави“ со незнаење, недоветност и непромисленост, но овојпат и со сериозно заканувачки антимакедонизам. На грчката телевизија Алфа, тој се осмели во своето непромислено зеленило, да го осуди сопствениот народ за некаква кражба на историјата. Тој изјави дека „Во минатото обидот да се пpoмени и извитопepи нашата историја со пpeземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се пpeдизвика состојба да бидеме буквално скapани скоро со сите соседи и се затвopија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО“. Ваков тежок скандал не би си дозволил ни најобичен криминалец, а камоли премиер на држава. На држава во која тој владее со единствена цел истата да ја уништи.

Човеков настапува како „специјалист“ за историски науки, па се потпира на минатото, кога Македонците некому „украле“ историја. Ние Македонците преземавме, односно „украдовме“, светска историја. Според неговиот скромен интелект, тоа е причината за невозможната мисија – интеграција во ЕУ и НАТО, поради што, не само Грците, туку и Холанѓаните, Французите, Германците, Американците…треба да бидат уплашени од нашата настојчивост да „крадеме“, па им ги отвори очите да се заштитат од нас. Веројатно зато тие изградија бедем за нашиот прием во овие фашистичко – бирократски и злосторнички дувла. Мизерна и  налудничава идеја која може да произлезе само од умот на еден човек кој, за наша несреќа, е премиер на државата.

Со оглед на тоа дека изјавата е дадена на грчка телевизија, има потреба да се каже нешто токму за историјата во која Македонците нешто им „украле“ на Грците. Залудно е да му се објаснува на Заев за Балканските војни; за Букурешкиот мировен договор од 1913; за Нејскиот мировен договор од 1919 година; за Севрскиот мировен договор од 1920…за Првата, па Втората светска војна; за Граѓанската војна од 1946 – 1949…за егзодусот и геноцидот врз Македонците во окупираниот дел на Македонија од страна на новосоздадената држава Грција… Залудно е зашто ниту морално ниту ментално е сфатливо за категоријата на луѓе од заевистички вид. 

Сепак, ќе останеме должни ако не поставиме неколку прашања и факти пред јавноста македонска, за да не се наседнува на заевистичката логика. Ако Македонците беа крадци на туѓи истории, во случајов – грчката, се поставува логичното прашање: откаде Македонци на грчка територија? Или, обратно, откаде грчка држава на територија на која живеат Македонци? Откаде и ден – денес околу 2000 македонски топоними на целата територија на Грција, та дури и на Пелопонез? Одговорот не го очекуваме од Заев и од неговите пајташи. Одговорот го даде самата грчка држава. Во Указот од 1926 година, кој мошне индикативно се нарекува За преименување на селата, градовите и гратчињата, во членот 1 стои дека „…се дозволува преименување странски и невкусни имиња на селата, градовите и гратчињата…“, а во членот 7, се вели: „По преименувањето на населбите, се објавува список со нивното ново име. По објавувањето на овие списоци, апсолутно се забранува употребата на старите имиња“! Оттука: кој преименувал, кој ставал нови имиња и кој ги забранувал дотогаш постојните, стари (македонски) имиња на топонимите? Или, кој ја крадел историјата и се уште ја краде македонската историја? Со глупавите изјави по странски телевизии, во чија основа е неговото незнаење и омраза кон се што е македонско, во кои тој зборува за некаква македонска „кражба“ на туѓи истории, Заев не се промовира во стручњак по прашања историски, но секако се промовира како стручњак по антимакедонски испади.

Ова треба да се знае, но конечно треба и да се реагира. Треба постојано да се повторува за да му се врати вербата на македонскиот народ, кој е сериозно заболен од преголемата индоктринација до инструментализација од страна на западните центри на моќ, пресликани во ликот на ЕУ, Светската банка, Светската здравствена организација…преку историски најозлогласената воено – бандитска организација НАТО. Доколку не го направиме тоа самите, другите ќе го направат (како што го прават) во наше име. 

Автор: Коста Јовчевски, член на ИО Родина

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/