Skip to content Skip to footer

Уценетата Инсталација на ЦИА ИНТЕГРА, изјави дека и „Мицковски бил уценет“. Натпревар на Вазалите кој повеќе ќе се упика на Анти-Македонските Душмани!

Волкот крзното го менува, карактерот не. И со и без знамето на САД во позадина, настапите им се исти, антимакедонски, манипулантски и преварантски. Ова го покажа гостувањето на Интегра во Австралија, ги потцени и навреди Македонците кои живеат таму и при напад на бес поради тоа што го разголија како шпион на ЦИА во антимакедонска мисија, јавно призна и го потврди вазалскиот однос на таканаречените македонски партиски елити. Мицковски е уценет човек, не чекајте спас од него, рече Љупчо, чија што партија Интегра, газдите на Мицко ја спремаат за една од наследниците на овој вазалски политички систем. Магарето го обвинува зајакот за големите уши.  Дпне и сдс се делегитимирани од народот, мора некој да ја продолжи агендата, Интегра е една од неколкуте вазалски партии во зародиш за таа намена. Целта е јасна, да продолжи окупацијата на Македонија, како и економското пустошење се до физичко требење на Македонецот од овие простори.

За вазалскиот однос на раководството на дпне но и за партнерскиот однос со сдс, а на штета на народот, се знаеше уште од времето кога им ја простија криминалната приватизација на сдс, учеството во исценираната војна 2001, потпишувањето на рамковниот, амнестирањето на терористите и нивно воведување во власта, па се до неуставното предавање на власта во Пржино и активното учество на дел од пратеничката група во рушењето на македонската држава во нелегитимното собрание.

За заев нема потреба да се објаснува, доволно е да се потсетиме на интимниот однос со пенкалото (за симболизмот на истото се остава на вашата фантазија) што шефот на злосторничкиот нато пакт му го даде, но и соблекувањето на парчиња гардероба пред грчкиот премиер. Сето ова пред очите на јавноста, зад сцена само они си знаат, а на нас остана да се носиме со последиците од штетните договори кои се потпишани без правна основа и кои секако во блиска иднина ќе бидат прогласени за ништовни.

Затоа почитувани Македонци, филтерот за патриотизам нека ви биде почитувањето на народната волја искажана на двата референдума, како и вековниот стремеж на македонскиот народ. Не паѓајте на лажни месии, посебно не на обучени и платени од западните монархии и нивни креации, кои со векови наназад го уништуваат македонскиот народ. Единствен мандат на идната македонска власт мора да биде враќањето на унитарна Македонија на Македонците, како единствена матична држава на македонскиот народ, а потоа се по ред по список и по закон.

Не за еу, не за нато. Никогаш северна, само Македонија. Затвор за криминалците, слобода за народот.

Линк од настанот: https://www.facebook.com/1725304440913752/videos/749325855580675/?t=4&v=749325855580675

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“