(ВИДЕО)Родина Македонија: Реакција на лицемерната одлука на претседателот на САД!

You are currently viewing (ВИДЕО)Родина Македонија: Реакција на лицемерната одлука на претседателот на САД!

Владата на САД ни најави дека сите противници на Охридскиот и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на црна листа!?

Прашуваме, дали над 60% од македонската нација која го бојкотирше Референдумот од 30 септември 2018 година, каде јасно кажавме Не за Преспанскиот договор, Не за НАТО и Не за ЕУ, ќе се најдат на црната листа на САД?

Ние се согласуваме дека Охридскиот и Преспанскиот договор се лицето на стратешките таканаречени сојузници на овој умрен Северџгански општествено политички систем.

Договори донесени под закана на сила, воено менаџирани од западни сили и служби, хибридни војни, терористички напади, кршење на уставен поредок и договори кои се против волјата на македонската нација од двата референдума, се ништовни договори.

Ова за нас е лицемерие и беда на една империја во изумирање, исплашена од својата сенка, поделена од внатре, која со блефирање, сака да се пазари со новите сили за нејзината улога во новиот постзападен свет.

Да ги потсетиме САД, Германија, Франција и другите од западното „елитно“ друштво. Првото бомбардирање во Европа после втората светска војна е од страна на западните сили врз македонските градови и села во Егејска Македонија.

Ние тоа не го забораваме и ви ветуваме дека ќе дојде ден кога ќе плаќате тешки репарации за нанесена материјална штета и духовна болка на македонскиот народ.

Родина Македонија, Охридскиот и Преспанскиот договор ги отфрла како не цивилизациски, насилни, спротивни на меѓународното и домашното право, донесени под закана на сила договори, недостојни за 21 век. 

(Списокот на земји е многу поголем од земјите прикажани на сликата)

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница