You are currently viewing ШТО ПРЕТСТАВУВААТ БЕЛИТЕ ТРАГИ НА НАШЕТО НЕБО!?

Родина Македонија ги повикува државните институции, надлежните инспекторати, министерството за животна средина и останати релевантни институции да објаснат на што се должи запрашувањето на небото од авиони кои оставаат бели траги, а кои подоцна преминуваат во бела прекривка која го прикрива целиот простор над Република Македонија, особено застапено над поголемите градови во Република Македонија!

Бидејќи нашето небо е преземено од НАТО (САД), ја прашуваме и амбасадата на САД дали можеби се работи за некаков експеримент, ако да – за каков и кои се можните штетни последици по луѓето и живиот свет во Република Македонија? Сигурни сме дека САД се посебно „загрижени“, како лидери и учители по „демократија“ и „грижа“ за народите, па во таа насока ќе дадат и соодветен (не)одговор.

Нашето искуство и истражување кое сакаме да го споделиме со нашиот народ, говори дека се работи за воени проекти на армијата на САД, кои имаат повеќе цели, а една од нив е контролата на временските услови. Целта за контрола на временските услови останува завиткана во целофанот „климатски промени“, кои не заборавајте се нарекуваа „глобално затоплување“, па откако сфатија дека не оди по Агенда, односно Земјата се лади, ги преименуваа во „климатски промени“.

За жал, територијата на бивша Југославија е одбрана за поинтезивно тестирање на овој експеримент.

Родина Македонија е целосно свесна дека политичкиот систем на Република Македонија со хибридот „Северна“ е исто така експеримент на горе споменатата сила и останати „членки“ на Дип Стејт и дека ова обраќање нема да допре до институциите. Институциите во „Северна“ служат за задоволување на странски интереси и експериментални проекти, но не и на интересот на македонскиот народ.

Наша обврска е да го известиме нашиот народ за сите штетни процеси кои директно влијаат на квалитетот на животот на целото наше население!

Хемиски состав на дождовницата во Словенија, измерено 21.09.2022

Во таа насока, апелираме на будност и активизам!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

This Post Has One Comment

  1. Kire

    CLOUD SEEDING – или преведено на македонски посејување на облаци. Технологија што долго време се користи низ светот но во ниедна држава институциите не сакаат да дадат отчет што всушност се прави. Креирање на облаци кои со меѓусебно напластување ќе сооберат доволно кондезација за да крајниот резултат биде дожд, тоа е една од претпоставките.

Comments are closed.