КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Малкумина знаат за ефектот на дестилирана вода врз екстремно жеден човек во неповолни услови. Имено, кога е многу жешко, ни паѓа многу тешко и бргу ожеднуваме бидејќи многу се потиме. Преку потта излачуваме Na, Ca, F, Mg, Cl и др. елементи, т.е минерали. А истите тие ни се неопходни за органелите во самите клетки, функции на клетките, органите и ткивата. Кратко кажано организмот без нив почнува да откажува за кратко време од (5-15 дена) зависно од условите. Дестилираната вода не содржи минерали, таа е 100% Н2О, најчистата вода воопшто. Но, ако човек во пустина пие дестилирана вода, при неповолни услови за живот, организмот бргу ќе откаже заради недостаток на минералите. И затоа организмот, иако без избор, се штити од консумирање на дестилирана вода. Имено, човекот интуитивно и физиолошки почнува да чувствува дека таа му штети и од неа се разболува.
Овој експеримент го правел Др. Менгеле врз здрави и свесни луѓе, кои после третиот ден дестилирана вода, бирале да пијат: застојана вода со жабокречина, каллива, дури и вода во која претходно уринирале нацистичките офицери.
Луѓето интуитивно ги бирале овие гадни води, наместо дестилираната!
Што мислите дали по истиот принцип голем дел од луѓето ги бираат Курто&Мурто, затоа што чесните родољуби или конкретно Родина Македонија им е премногу чиста и филтрирана за нивниот ожеднет организам? Дали не се свесни дека Родина Македонија воопшто постои и се нуди како избор?
Или едноставно инстинктивно пијат помочана, каллива вода само да го задоволат исконскиот нагон за преживување?
P.S.
Слободно коментирајте и наведете и други опции. Постапете по библиските зборови „Помагајќи им на другите помогнете си себе си”.
Однапред ви благодарам.