Skip to content Skip to footer

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЈАВНА КУЌА

Законот за Јавно обвинителство не е закон на постоечка држава, не е предложен и изгласан од легитимна Влада или Собрание и не е правно издржан. Текстот на онаа хартија која ја нарекуваат Закон е во спротивност со срушениот Устав и спротивен на интересите на држава која сака да опстане. Намерно, со умисла и план, тој наметнат Закон ќе послужи да ја уништи нашата држава до крај. Ако македонскиот народ се залага за опстанок на своите синови и ќерки треба да го отфрли овој чин и сите други нелегални дејствија на таканаречената Влада и Собрание, и тоа со најстрог протест и со најстроги народни мерки кои ни се на располагање.

За жал, не чувствувам дека тоа ќе се случи. Немаме народни водачи кои не се плашат од властите, а многумина од оние што мислевме дека се водачи ни покажаа колку малку тоа биле. Се случува масовно откривање на немакедонци. Во овој момент не постојат ниту организации кои се подготвени да го спречат овој чин. Треба конечно да им се соопшти на Македонците, а тоа се нашите браќа, сестри, соседи, пријатели и познаници дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ НЕ СЕ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ. Тие се нашиот непријател. Во нивните редови нема Македонци, никогаш и немало. Можеби по род се Македонци, но не и по убедување и дела. Тие се самото зло кое е употребено да нè оттргне од вистинската борба, да нè маргинализира и да ни го одземе правото на живот и опстанок како луѓе. Никој повеќе не смее да поверува на ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ и сите што се со нив поврзани, а да се нарекува Македонец или Македонка, тоа да ни е јасно на сите.

Затоа што не сме свесни на сопствената сила, а немаме ниту храброст ниту желба да се одбраниме во овие моменти пред уште еден смртоносен удар врз нашата држава, ќе го поминеме гласањето во среда како кротки јагниња на кои им претстои смрт а не се ниту свесни за тоа.

Македонскиот народ ќе преживее затоа што ни е од Бога дадено да преживееме како народ. Но, да не бидеме во заблуда: ние се наоѓаме пред ново и најпеколно долгодецениско ропство, овојпат самозаслужено. Не ни дојде никој од страна да ни го напише овој расипан Закон и никој друг не ни го изгласа, ние самите го сторивме. Ако можете мирно да ги гледате и да не направите ништо, повелете. Вашиот живот тие го прокоцкале за грст пари или од чиста имбецилност.

Како и секогаш, нашиот Створител ќе овозможи да се родат или да израснат нови македонски водачи, организации и сили во самиот народ. Дали ќе ги препознаеме, поздравиме, дали ќе ги поддржиме и дали ќе им се придружиме? Тоа зависи од нас, како што беше до нас да го бојкотираме или да излеземе да го бираме Пендароски кој со омраза го гледа својот народ. Дали го заокруживте? Дали излеговте да им дадете глас на било кој од овие два помагачи на фашизмот кои се нарекуваат партии? Да, тоа се, непријателски сили на злогласниот фашистички непријател наречен ЕУ и НАТО и заедно денес или утре го гласаат законот за да ве затворат кога сакаат, како сакаат и до кога сакаат. А вие ги гласавте ли?

Новата изворна, родољубива македонска партија ќе ја препознаете лесно. Таа во најмала рака ќе ги има следните точки на ум и ќе се бори за нив:

–       Одземање на правото на јавен живот на сите оние кои се учесници во оваа фашистичка окупација на Македонија. Вклучително на секој еден политичар, претставник на било која власт.

–       Потполно уривање на сите акти, закони, текстови и било кои други одлуки од денот на создавањето на Пржинскиот договор.

–       Четворицата потписници на Пржинскиот договор, по закон да се гонат за велепредавство на македонскиот народ поради дејстување надвор од Уставот и надвор од своите ингеренции. Ние поглавици немаме и нема да имаме, оние што се дрзнаа тоа да бидат треба да бидат правно гонети каде и да се.

–       Македонска партија е онаа која ќе ја повлече молбата за влегување во ЕУ. Таа ни е џелатот. Таа партија нема да дозволи странски војник од НАТО на македонско тло и нема да дозволи наши војници, со македонска крв да бидат ставени под управа на странски војски. Тоа нема и не смее да се дозволи доколку сакаме да ја имаме Македонија.

–       Таа партија, после поништувањето на договорите со нашите непријателски расположени соседи ќе формира Уставотворно Собрание и ќе изгласа Устав во кој ќе стои дека името на нашата држава е МАКЕДОНИЈА, без запирки, точки, додавки, придавки или било која друга квалификација. Името Македонија не смее никогаш повеќе да биде предмет на политика и никој, никогаш нема да смее да го смени. Секој акт на договор или разговор за промена на името ќе биде најстрого казнив криминален акт.

–       Нашите симболи, знамето со сонцето од Кутлеш, нашата прифатена химна, нашиот грб и сите други симболи ќе бидат зацементирани како вековни вредности и обележја. Нашата историја нема да биде дадена на проверка кај никого друг. Само ние имаме историско право да ја толкуваме и да ја пренесуваме на нашите деца.

Независноста на Македонија ќе биде трајно зацементирана во нашиот Устав. Било какво, дури и најмало, па и најпријателско да е мешање во внатрешните работи ќе биде санкционирано со Закон. Нема да биде возможно изјава од амбасадор да се коси со ова правило, а амбасадорот да не биде укорен или отстранет со одземање на актредитивите. Македонска партија ќе ги обелодени неправдите нанесени кон Македонија, но пред сè ќе ги брани правата на Македонците каде и да се во светот. Етничките граници на Македонија се огништата на македонскиот народ. Македонската држава ќе се бори до крај за правата на својата родна грутка земја да бидат вратени.

Во новата македонска држава ниту еден праведен граѓанин нема да се плаши од сопствената полиција, војска, администрација или од било која македонска институтција. Секоја педа од вечната земја, Македонија, ќе им биде вратена на Македонците. Како што глобализацијата која ја замислиле темните сили на самопоставените владари на земјата умира, така Македонците, светлиот вечен народ ќе добие прилика да си ги врати своите права на своја неотуѓива земја.

Законов кој е ништовен поради самиот текст, начинот на кој се донесува и нелегитимноста на оние кои си играат Влада и Собрание, а тоа не се, ќе помине без отпор, но делото не застарува. Првата македонска партија лесно ќе го искине и ќе донесе нов закон со кој ќе бидеме нормални луѓе. Јавното обвинителство кое ќе се формира со овој закон не е за во македонско Собрание, само за во јавна куќа. Кој ќе стигне и може да биде платен, ќе го потпише и ќе ни го покажува како свое дело, но тоа ќе биде доказ дека е со низок капацитет за расудување и низок човечки морал.

Игор Силјаноски, член на ИО – Родина Македонија

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“