Зоран Јованчев, Претседавач со Претседателството на Родина Македонија Пред некој ден чувме една несреќна изјава, на исто така, еден несреќен Претседател, кој е случајно на тоа место со 0,2% рејтинг и поставен по систем на негативна селекција од страна на евроатланските социјални инжинери за изборни резултати, каде говори за руското влијание. Интересно е што Стево, кој си го нарече народот стока, а по која изјава и си го доби надимакот, говори за руско влијание. Да анализираме каде го има руското влијание? Руски медиуми и телевизии во Република Македонија, 0%. Политички партии во Собранието на Република Македонија кои ја протежираат Русија, 0%. Руски компании прусутни во Република Македонија, 1%. Шарени револуции, хибридни војни, изборни инжинеринзи водени од Русија, 0%. Културни манифестации со руски карактер, 1%. Број на дипломати на…