РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРЕСВРТ ВО СТАВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА: Преспанскиот договор е реалност?
За кого Преспанскиот договор е реалност?За корумпирани политичари вткаени во мрежата на западните служби — политичари коишто сопствената корумпираност ја ставаат во служба на туѓи геополитички интереси, а македонскиот народ го оставаат без достоинство и без иднина.За политичари без национална свест, без морален компас, кои вечно служат на сите — освен на сопствениот народ. ИЗБОРНА ЛАГА — ПОСТИЗБОРНА КАПИТУЛАЦИЈАПред избори — Горда Македонија, Името ќе го вратиме! По изборите — договорот потпишан од неовластено лице, договорот спротивен на меѓународното право, договорот кој е директна повреда на највисокиот демократски инструмент — Референдумот — одеднаш станува реалност.Ова не е политика. Ова е измама на националниот суверенитет. УКРАДЕНА ИДЕНТИТЕТСКА ИДНИНАРодина Македонија со сета одговорност укажува: цела генерација Македонци израснува под печатот на Преспанскиот договор — генерација навикната да живее со срамот,…
