РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

По повод националниот празник на Руската федерација, Денот на Русија, на братски руски народ испраќаме средечни честитки во име на членовите на Родина Македонија. Нашите определби се односите меѓу Македонија и Русија во иднина да бидат на ниво на братски народи и држави, природни сојузници во зачувување на заедничките вредности на православната цивилизација, култура и кирилска писменост, семејство, традиција.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

ЦРНАТА ЛИСТА НА САД И ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА БОМБАРДИРАНИ СУВЕРЕНИ ЗЕМЈИ И УРНАТИ ВЛАДИ!

Владата на САД ни најави дека сите противници на Охридскиот и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на црна листа!?Прашуваме, дали над 60% од македонската нација која го бојкотирше Референдумот од 30 септември 2018 година, каде јасно кажавме Не за Преспанскиот договор, Не за НАТО и Не за ЕУ, ќе се најдат на црната листа на САД?Ние се согласуваме дека Охридскиот и Преспанскиот договор се лицето на стратешките таканаречени сојузници на овој умрен Северџгански општествено политички систем.Договори донесени под закана на сила, воено менаџирани од западни сили и служби, хибридни војни, терористички напади, кршење на уставен поредок и договори кои се против волјата на македонската нација од двата референдума, се ништовни договори.Ова за нас е лицемерие и беда на една империја во изумирање, исплашена од својата сенка, поделена од…

ПрочитајЦРНАТА ЛИСТА НА САД И ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА БОМБАРДИРАНИ СУВЕРЕНИ ЗЕМЈИ И УРНАТИ ВЛАДИ!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани верски претставници на исламската верска заедница, упатуваме јавен протест од многу жители од подрачјето на Скопје и другите градови, поради јачината на звукот кој доаѓа од џамиите, како и времето во кое тоа се прави, рано наутро 4:00.Практикувањето на верата никако не треба да биде на сметка на нарушување на мирот на останатите жители. До Бога се стигнува тивко, со молитва во себе, љубов и почитување.Воедно повикуваме и на реакција од официјалните органи, кои имаат задача да го обезбедат јавниот ред и мир за сите припадници на македонската нација.Родина Македонија во својата програма ќе се залага за воведување на „Мирни часови“ кои ќе траат од 22:30 до 08:00, како и ригорозно мерење на јачина на звукот кој доаѓа од било кој објект кој се наоѓа во населено…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЈА ПОД ИМЕ ИЛИРИДА

Родина Македонија ги повикува судската и извршната власт во Македонија да го отфрлат барањето за регистрација на иридентистичка и претенционистичка партија која во својата платформа има зацртано окупирање и откинување на делови од територијата на Република Македонија.Го повикуваме и јавниот обвинител да покрене постапка против идеолозите и заговорниците на иридентизам и граѓанска војна во Македонија.Родина Македонија воедно ги повикува сите лидери на партии и државни функционери, вклучително и Македонците со албанско етничко потекло, јавно да се оградат и да ја осудат оваа грозоморна идеја.Ве потсетуваме дека оваа и слични идеи се поразени во XIX-от, XX-от, но и во XXI-от (2001г).Да ја осудиме и отфрлиме сите заедно поразената идеја на време, за да не мора подоцна да ја решаваме во крвава граѓанска војна.Затоа што, македонскиот народ нема да дозволи…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЈА ПОД ИМЕ ИЛИРИДА

СООПШТЕНИЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Политичката партија Родина Македонија го потврдува своето присуство на протестот пред Владата на Република Македонија, на 29.5.2021 година, организиран за слобода на уставобранителите.По тој повод, Родина Македонија ги повикува своите членови и симпатизери да се придружат напротестот и достоинствено да го изразат своето незадоволство од самоволните и неодмерени постапки на властите и судските органи во вршењето на досега невиден прогон на македонските патриоти.Родина Македонија се обраќа и до другите граѓани на Република Македонија да излезат пред Владата на Република Македонија и, достоинствени и сплотени, да покажеме отпор на оние кои го уриваат секое човечко достоинство и патриотизам на своите граѓани. Настанот треба да биде народна реакција и не треба да биде злоупотребен за партиски цели, поради што, Родина Македонија очекува дека нема да се истакнуваат никакви партиски обележја,…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

Политичката партија Родина Македионија изразува крајно незадоволство и зачуденост од повторното протерување на руски дипломат.Протерувањето на руски дипломати станува пракса на самопрогласените македонски власти, без да се има каков било политички и дипломатски усет и мерка за реалните меѓународни состојби и околности, со што директно ја втурнуваат Република Македонија во авантуристичка сегашност и неизвесна иднина.Родина Македонија бара од македонските таканаречени власти да престанат да бидатслепи поддржувачи и послушници на западните евро – атлантски структури, без притоа да го следат автентичниот македонски интерес. Свесни дека оваа власт нема капацитет да ги препознава, чува и развива тие интереси, апелираме до македонската јавност да не ги подржува и да ги осудува овие непромислени активности на властите, зашто со ваквите потези остануваме ипонатаму недостоинствен и коленичарски субјект за западните структури, но непотребно…

ПрочитајРЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

НЕМА АЈРО, АЈРООО НЕМА, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА „АЈРОДРОМ“ ЗА КРИМИНАЛЦИ!

Се сеќавате на познатата изјава на сегашниот таканаречен премиер на таканаречената дивоградба „Северна“, за Ајрото?Нема Ајро, Ајро нема, Ајродроооом, а нема Ајро…Нивните прошетки со скафандери во изборните кампањи?Тогаш беа опозиција, сега се власт!Вредностите на загадување на воздухот кои ги покажуваат мерните станици воопшто не се подобрија, напротив, тие постојано се влошуваат, без разлика кој е власт, а кој е опозиција.Прикривањето на криминалот со отпадот, кој прави профит во милиони евра годишно, постојано се прави со театар и дефокус од главниот виновник за истиот.Отпадно уље како мазут е мало бебе во однос на опасниот отпад со штетни и тешки хемиски елементи кои се увезува од Италија и други земји, преку балкански дилери.Последиците?Зголемена смртност, многу поголема од Сарс Ков 2, канцер кој во 95% случаи завршува со смрт, стерилитет, леукемија,…

ПрочитајНЕМА АЈРО, АЈРООО НЕМА, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА „АЈРОДРОМ“ ЗА КРИМИНАЛЦИ!

Родина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

Згрозени сме од упорноста на министерката Цароска да ги истурка најавените ,,Реформи" во образованието со кои директно се атакува здравиот раст и развој и интегритетот на децата кои се нашата иднина. Не можеме, а да не реагираме на искажаната дрскост кога претставниците на родители кои во огромен број се спротивставуваат на целосна дигитализација во училиштата не беа примени и сослушани од оној најповиканиот – одговорниот министер на платен чек на Буџетот, оној кој е платен од истите тие родители.Го оссудуваме начинот на носење на овие т.н. „реформи“ – без пилот програми, без мерење на резултати, без јавни консултации, дебати, без состаноци со родители, психолози, социолози.Како политичка партија, но пред сѐ како родители, сме загрижени и од фактот што Цароска агресивно и по секоја цена вметнува т.н. родово-сензитивно образование,…

ПрочитајРодина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

НЕ за неолибералниот концепт за рушење на традиционалното семејството, кое го има најубавиот дар на овој свет, ДЕТЕТО!

ПрочитајНЕ за неолибералниот концепт за рушење на традиционалното семејството, кое го има најубавиот дар на овој свет, ДЕТЕТО!

9-ти МАЈ ДЕН НА ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ ИЛИ ДЕН НА ПОВАМПИРЕНАТА ЕВРОПА (ЕУ)

Пишува Елизабета Чингарова МатевскаНа 9-ти мај 2021година се навршуваат 76 години од крајот на најкрвавата, најскапа, најразорувачка, најраспространета војна во светот, започнта од темните сили на фашизмот. А веќе актуелно, наголемо се повампирени и активирани темните сили на фашистичкиот поредок, токму таму каде што и започна, во срцето на Европа.Има ли поголем доказ за повампирување на фашизмот, од тоа што еден стар исконски европски народ, македонскиот народ, се соочува и ги преживува најтешките години после Втората светска војна. Република Македонија како држава победник над фашизмот со 25.000 жртви, со самостојно извојувана победа над фашистичките окупатори, Германија, Бугарија, Италија и бројни албански балистички колаборационисти, во едно општо народноослободително антифашистичко востание со 100.000 армија. Република Македонија, во склоп на Федеративна Југославија, држава темелник на поставување на Обединетите Нации, се соочува…

Прочитај9-ти МАЈ ДЕН НА ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ ИЛИ ДЕН НА ПОВАМПИРЕНАТА ЕВРОПА (ЕУ)