Во Македонскиот соросоиден театар на апсурдот, Стево промовира бугарски разголени певици и корумпирани олигарси како филантропи
Натпреварот за пехарот на глупоста продолжува. Заев додава, Пендаровски го превзема баскетот ииии тројка. Стево и овојпат поентираше максимално. Веќе е сериозна конкуренција на Заев. Во едно интервју истресе толку многу глупости, што човек просто не знае од кај да почне. Нашите учебници по историја, замислете, биле исти (веројатно лоши) и кон западните држави, не само кон Бугарија. Дали после прогласувањето на фашистичката окупација од страна на бугарската војска за ослободување, Стево не спрема за прогласување на Хитлер за миротворец? Понатаму Стево се жали дека во Македонија постоеле луѓе на средна и постара возраст, кои младите ги учеле дека е лошо човек да биде богат и дека сите богати на запад биле престапници. Од каде ли го ископа овој податок?? Или можеби ова е само невешто извртување на…