РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА
Денес ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците. Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски и Војводата Дедо Иљо Марков-Малешевски. Командант на здружените востанички чети бил избран капидан (капетан) Стојан Карастоилов. Востанието имало и меѓународна подршка од словенските земји, најмногу од руските (козачки) одреди предводени од атаманот Адам Калмиков и полскиот бригадир Луј Војткиевиќ. Значителна помош стигнала и од тукушто ослободеното бугарско кнежество, но подоцна дошло до големо несогласување со бугарските сили; Откако се увидело дека тие го негираат македонскиот карактер на востанието и основната идеја на востанието- НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.Востанието постигнало значителен…