You are currently viewing ГОЛЕМ ИСЧЕКОР-ГОЛЕМ КОЛКУ РУСИЈА???

Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

“Членството во НАТО беше голем исчекор за “вашата земја“ и веќе ги гледаме резултатите на терен, е сега е важен следниот чекор; Синхронизирање и обучување на вашата армија со протоколите и стандардите на САД“ -Кејт Мари Брнс/ губернатор и субсатрап на “Вашата земја“
!
Што всушност сакаше да ни каже оваа госпоѓа, и што имаме ние од тоа?
Големиот исчекор се состои во тоа што сега слободно може да испратиме наши синови и ќерки да бидат топовско месо за руските тенкови, или евентуално да изгинат бранејќи го Косово од Србите во буквална братоубиствена војна!
А зошто? Зошто така кажал семоќниот Бајден ( дедото кој прди и паѓа по скали секоја недела), Црното Племство, Трилатерала, Темниот Кабал…Така кажаа од горе…
Следниот чекор: Синхронизација и обука на армијата? За кого, како? Во превод тоа значи : од вашиот крајно скромен буџет ќе мора да издвоите 200.000.000-350.000.000$ за американско, нефукционално застарено оружје, но и 180.000.000$ за обука со лансирни рампи и суперсонично оружје кое ќе биде поставено на Криволак, со цел стрелба врз црноморската флота на Русија, а вие ќе тренирате да бидете “глинени гулаби“ за Хиперсоничните руски ракети и ласерски наведуваните проектили, во повратниот одговор кои би уследил за само 2-3 мин. Како тоа ќе го истренираме знаат само Брнс и Славјанка.
Резиме: А зошто ни е сето тоа? ЗА ВАША БЕЗБЕДНОСТ! А кој ќе не нападне? Бугарија која е НАТО? Грција која е НАТО, Албанија која е НАТО, Косово кое е база на НАТО, Србија која не знае каде и е Косово, каде Р.Србска, а каде народот кој секојдневно протестира?
Значи да се тренираме, вооружуваме и синхронизираме со цел да станеме НАТО, ама повеќе од останатото НАТО кое не опкружува, за да може да се одбраниме од НАТО?
PS
Северџанизмот е поголема декаденција, апсурд и деградираност и од самото НАТО!