You are currently viewing <strong>ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ ПАРТИСКИ СПИСОЦИ ЗА НАТО ЕДИНИЦИТЕ КОИ ОД РОМАНИЈА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ВОЈНА СО РУСИЈА?</strong>

КОЛУМНА: ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Колумната ќе ја започнам со јавната објава на градоначалникот на Општина Карпош, Стефче Јакимовски, кој на својот профил на фејсбук ќе напише, цитирам. 

„Имам како не од ВМРО-ДПМНЕ. Они ми донесоа список од 37 души. Сите се испочитувани. На сите што можевме им помогнавме. Секретарот е од ВМРО-ДПМНЕ, поставени се директори на основни училишта и градинки од таа партија.“

Ова е уште еден пример, во низата, како функционира партиската држава, која во суштина е рак рана на нашето општество.

Со следење на штабска политика, а не национална, стигнавме до поразителни резултати во секој сегмент од нашето живеење, економија, образование, здравство, национални интереси, полиција, армија.

Армијата се претвори во класична испостава на туѓи интереси, а „нивната“ земја, денес безимена и понижена, се претвори во депонија на опасен отпад на државите од западниот свет.

Ни пристигна ново барање, од делот на „НАТО ќе не брани“, „Еден е изборот“ и „НАТО и ЕУ нема алтернатива“, барањето е данок во крг, регрути за НАТО единиците стационирани во Романија за војна со Русија, над 1000 на број.

Јавно го поставувам прашањето до сите политички репрезенти на евроатланската идеја, лево предводена од СДС со 20 политички партии и десно предводена од ДПМНЕ со 20 политички партии, но и до македонската нација која го дозволува сето ова.

Ќе има ли партиски списоци, како тие за директори на школи, градинки, управни одбори за НАТО единиците во Романија за нападот на Русија?

Наша е одговорноста како македонски народ за слепото следење на политики на стратешките гробари на македонската нација!

Дали македонскиот народ, следејќи и молчејќи за „Еден е изборот“ и „НАТО и ЕУ нема алтернатива“ е спремен да даде над 1000 свои синови, како топовско месо за фашистичките политики на западните елити, олицетворени денес во НАТО?

Дали молкот за процесите во нашата земја Република Македонија, светот и насилството на западната заедница врз човештвото во целина, на сите континенти на планетата, носи подобар свет, или не носи во амбисот на нуклеарниот армагедон?

Молкот е највисоката цена која на крај ја плаќа човештвото, народите, но и поединецот.

Да ве потсетам, ваков молк имаше и кога се праќаа регрути Македонци на боиштата на бившата Југославија, за која огромен процент од нашиот народ веруваше дека нема да се распадне. Политичките елити беа уште послепи и пратија илјадници наши млади деца да гинат за туѓи интереси.

Тој момент повторно пристигна! 

Ненаучените лекции од историјата, секогаш се повторуваат за да бидат научени и за да тоа општество отиде степен погоре.

Носењето на погрешни одлуки и гласање за погрешни политики, не создавање на алтернатива, политичката неписменост и општествена неодговорност, денес, како и во времето на распадот на Југославија, ќе биде платен со највисоката цена, животите на нашите македонски синови и иднината на нашата земја и народ.

Да потсетам дека и во моменти на безизленост, хаос, постои една точка од која може да се создаде излез и ред.

Но за таков излез, потребен е Собор на најдобрите Македонци, кои ќе ја отргнат Македонија од прегратките на нејзините стратешки гробари и ќе ја постават на еден нормален и природен колосек каде таа ќе одбира со кого и колку ќе соработува, ќе комуницира подеднакво со западот, истокот, северот и југот и ќе живее по принципите на македонскиот народ, за културен, а не воен натпревар помеѓу народите.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!