You are currently viewing ЗАПАДНАТА ХАЈКА ПРОТИВ РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
  • Post category:Uncategorized

Веќе не знаеме по кој пат, нарачан е текст против Родина Македонија со позната наратива од западните центри за дезинформација, финансирано со добра количина на западен кеш во милиони долари, наменет за бркање на руско влијание во Република Македонија.

На тој пат, северномакедонците им се слуги и корисни идиоти за некакви аналитички текстови, каде наоѓаат поврзаност на антиродовото движење и руското влијание, со дремење пред ТВ и гледање на „Родински разговори“, ете и нешто добро, во тоа зло.

Некој таканаречен новинар Жарко Трајаноски, во својот текст, влече паралели кои се на границата на белите кошули од психијатриските установи.

Линк до текстот: Анти-родовото движење во Македонија и руската пропаганда – ИМА (ima.mk)

Ќе испадне дека Путин го финансира и американскиот филм „Што е тоа жена“ на Мет Волш!?

Ама Жарко го премолчи тоа, малку му е незгодно во истражувачкото новинарство.

Дезинформаторот Жарко, заборави да спомене дека Родина е само една од многуте партнери на „Коалицијата за заштита на децата“, меѓу кои има и такви со евроатланска ориентација.

Но кај овој корисник на странски западни пари тоа е дозволено, нели, за демократијата, но тој не е интересен за нас, ние сме заинтересирани за нарачателите.

Веќе подолг период Родина Македонија, инаку регистриран политички субјект во судскиот регистар на политички партии на Република Македонија, е предмет на насилие на западни центри на моќ, каде директно се нарушува нејзиното нормално функционирање, што преставува грубо мешање во политичкиот систем на Република Македонија.

Тоа што ни инпутирате дека сме проруски ориентирана партија е само ваша бедна констатација но и оправдување кон сите гадости кои ги протажира лажниот „пријателски‘‘ запад.. Нашата поддршка и ориентација јасно е дефинирана во партиската програма, соработка и почит кон целокупниот праведен свет .

Хардверско ресетирање и следење на телефони, хакерски напади на официјалната интернет страна (пријавено до сајбер одделението при МВР, без конечен исход), до сега триесетина регистрирани, бришење на емаил адресите и интернет страната, бришење на сметки на социјалните мрежи, блокирање на содржини од официјални соопштенија и реакции, кривични пријави од македонското судство финансирано со американски пари до членови на раководството на Родина Македонија, условни казни со астрономски суми од 2000 евра, доставување на полициски покани од вооружани припадници на МВР, е сѐ, само нe демократија.

Ги прашуваме западните амбасади!

Што е следно?

Ликвидација на припадници на раководството на Родина Македонија?

Па вие сте познати по тие операции низ светот, затоа рејтингот ви е нула кај 6 од 7 милијарди жители на планетата!

Нас единствено нешто што нѐ плаши е на патот за одбрана на нашиот род Македонски, да не потклекнеме и да не ги посрамотиме нашите предци, кои создадоа дела за кои западната нецивилизација може да ги сонува.

Сакаме да ги повикаме останатите политички субјекти, но и целото општество, да го кренат гласот против оваа хајка против Родина Македонија и против активисти кои исклучиво се борат за заштита на децата и на родот наш македонски.

Доколку го премолчиме ова насилие на американскиот и друг западен кеш врз нашето општество, ќе станеме и самите соучесници во тоа насилие.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница