You are currently viewing ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)

Не престануваат уцените и понижувањата од западните сили кон македонскиот народ во сопствената држава!

Повторно се редат разно разни емисари од САД, Германија, западните земји, за ново понижување, внесување на Бугарите во Уставот. Од друга страна, правата на македонското малцинство во земјите членки на НАТО и ЕУ, Грција и Бугарија, се на ниво како во средниот век. За себе не смеат ниту да помислат, а не пак да кажат дека се Македонци.

Во таа уцена се приклучи и новата американска амбасадорка, Агелер, која изјави: „Ако тешките одлуки не ги направите до декември, луѓе во Белата куќа ќе прашуваат колку сте посветени за ЕУ“.

Ако подлабоко анализираме, нејзинаta екселенција, госпоѓата Агелер, иако така изгледа, таа не ни се обраќа нам, на македонскиот народ. Затоа што не нѐ ни приметува, ниту перцепира, ниту пак, респектира. Имено, мадам Алегер се обраќа, односно заканува на парламентарната опозиција, меѓу редови: „Не се надевајте дека ќе дојдете на власт, ако не ги изгласате Уставните измени“!

Не им беше доволна насилната промена на името, која се спроведе спротивно на волјата од двата референдума и потпишаниот „Преспански договор“ од неовластено лице од Република Македонија, а која учителите по демократија од западот ја спроведоа преку хибридната војна „Шарена револуција“, па денес продолжуваат со нови уцени.

Резултатот на западното дејствување во Република Македонија се /////// за Македонците, етноцид. Не постои повеќе македонска нација, националност, сите станавме етникуми.

Ако не им се допаѓаат одлуките на македонскиот народ од двата референдума, нека се соберат и нека си одат сите претставници од естаблишментот од САД и Западна Европа. Може да се вратат само тогаш кога ќе одлучат дека ги почитуваат Македонија и македонскиот народ како целина.

Родина Македонија има решение!

Притоа, мора Македонецот да го промени стратешкиот правец и своето тежиште да го префрли од умрените англосаконски поданички партии, во партии и организации кои се со антисеверен предзнак и кои се застапници на новиот постзападен – мултиполарен свет, свет во кој ќе вратиме сѐ што ни одзедоа западните сили.

Тој процес ние одамна го започнавме!
Храбро, достоинствено и по македонски го кренавме гласот против ретроградниот англосаксонски систем кој го чисти Македонецот и ја брише Македонија веќе 200 години.

Колку побргу и колку повеќе се префрлиме, толку побрза ќе биде транзицијата од колонија во суверена Република Македонија.

Македонија е на Македонците и на сите кои се доволно големи и зрели да ги почитуваат државата и македонскиот народ и сите негови карактеристики. Македонија на Македонците, ВЕЧНА!

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина (https://t.me/rodina_makedonija)

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!
https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/