Петре, Вети, ‘‘СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД‘‘ и посади трева на Плоштад! Петре, Вети, ‘‘СКОПЈЕ ПАМЕТЕН ГРАД‘‘, останува да видиме како ќе ни го демонстрира тоа!

Вети и БИ, реализира, сведоци сме на ‘зеленото чедо‘ на Петрета на Плоштадот во главниот град, на Плоштадот Македонија, упс, како ли го нарече сега оваа власт? Дали е поради ветувањето или поради носталгијата кон ‘зеленото кругче‘ на сред плоштадот, останато како дел од кружниот тек, од времето кога на Плоштадот се движеа автомобили. Да, долг период Плоштадот беше и најголемиот паркинг во градот! Петре, Вети, Скопје ЗЕЛЕН ГРАД и посади трева на плоштад! Петре, Вети, Скопје ПАМЕТЕН ГРАД, останува да видиме како ќе ни го демонстрира тоа! Времиња, сепак Плоштадот оваа година полни точно 100 год. Не е ни чудо да можеби и ливадата е во чест на 100 годишнината од постоењето на Плопштадот!?

Скопје, вековно доживеа многу рушења од природни и воени катаклизми, но најмногу рушења доживеа од самоволни рушители но и градители кога се менуваа политичките системи, а тука Плоштадот некако, сепак остана маргинализиран се до доаѓањето на ‘амбициозниот градоначалник‘ Пенов, кој прв се зафати радикално да делува врз изгледот на Плоштадот. Некако полу амбициозно, ја извади старата турска коцка и нареди некој босански камен со сомнителен квалитет и некаква си не дефинирана форма на не активнорекреативен карактер на површината, канделабри , клупи, дрвца, видено не атрактивно, здодевно, не доизразено, банално… Да не ги заборавиме и ПЛАСТИЧНИТЕ ПАЛМИ од пеновото време, можеби и идна инспирација на илјадниците сега веќе исушени вистински палми, поклон ли беа …не се сеќавам имаше ли мајмуни на нив или само ние како мајмуни ги посматравме одоздола. А да, тука е и несреќно насадениот објект, Лумикс, мал грд објект, но граден скоро една деценија со форма на глава на змија, се прашувам од каде ли е таа инспирација… Објект лоциран како чир, кој нема ни намена ни функција, ниту се влопува во таа целина, едноставно и единствено прави проблем во тој простор да не може ама баш ништо да се изорганизира во потполна просторна функционалност! Велам нова власт ново рушење, за краток временски период, нови активности окулу Плоштадот, како составен дел од проектот Скопје 2014. Нова структура, нова инфраструктура, новостара архтектура, најмногу од се‘ еклектика? Наводно според урбанистичкиот план на Малиот Ринг на Грчев, проект-цртеж-скица, зацртан не доцртан, аматерски, повеќе од тоа. Скопје 2014, преамбициозен план, тука воопшто нема да се осврнувам во процедурата и легислативата окулу целиот тој проект и воопшто кон него, краткава колумна ја нема таа цел, само ќе го изразам моето незадоволство и разочараност од недоволната те никаква транспарентност на целиот проект, сомнителниот конкурс и затворениот круг на аспиранти, секако тука е и главниот проектант НГ. Само ќе потенцирам дека целиот процес беше некако, асоцира, наликува на времето на експанзијата на емпаер стилот од времето на Н. Бонапарта. Тоа што е направено, направено е, засега е тоа, нема ни потреба од менуваање, можеби има, како и да е, секое време е белег на доблеста или лудоста во зависност од тоа кој како ќе ја перцепира реалноста, експресивно или импресивно, наменски, можеби и импулсивно кој да знае, нешто што посебно се однесува на авторите и секако на ‘Главниот Архитект‘. Но ете покрај целата таа силна амбициозна импликативна ангажираност на тој проект, сепак остана недовршено тоа несреќно парче земја, делот покрај Стоковна куќа кон ГТЦ , кое сега зелено се лелее, ахаааххх. Имено на таа локација, сегашната петрева ливада, имаше еден предлог идеен план за локација на црквата Св Константин и Елена, но не бидна, не се изреализира од големи партиски превирања, опструкции и навистина мал простор, веќе безвредно узурпиран. Ако имам конкретна замерка таа е што цркавата Св Константин и Елена не го доби своето заслужено место, локацијата на Офицерскиот дом, можеби и до него полево од реката Вардр . Но и тука имаше политичко провокаторски игри, со повеќе судири дури и физички, налик на мала војна , во кои најагресивни за жал беа ‘моите млади колеги‘ самонаречените Архи бригади (Црвени бригади?), не дефинирана наменски создадена, агресивна соросоидна група платеници кои се завземаа за градба на Бурмали џамија!? Објект од незначителен карактер по форма, архитектура и историско значење, со провинциски карактерни обележја на минато време на една смрдлива касаба. Наспроти карактерно оправдан објект, проектираната црква ‘Св Константин и Елена, според мене и многумина еминентни стручњаци, естети, најиздржан архитектонски објект од проектот Ск 14 по својата импознатно хармонична архитектура со прекрасна орнаментика и колорит. За несреќа сега веќе во финална изведба поставен на несреќно место на ул Македонија…како и да ја нарекува некој. Како и да е, тревата е тука, по некоја клупа и дрво, но по фантастична сума од 530 илјади евра, трева поскапа од извиканиот мерцедес на Грујо! Сомнителна скриена рамка за расчистување по алаш вереш систем, на предвиденото место на не рализираните ‘шпански скали‘ дел од ГТЦ, а финансиски активирани?

Петре вети и оствари, го ‘зазелене Скопје‘ на нас останува да видиме дали тревата ќе се зафати или пак набргу ќе дојде нов рушител, можеби овчар или орач или пак Скопското Сонце ќе си го стори своето!

Елизабета Чингарова Матевска, член на претседателството на Родина Македонија

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/