Зошто токму од Португалија, држава со која немаме скоро никакви посебно значителни врски, Македонија добива најголеми понижувања и навреди!?
-Лисабонската декларција, од 1992год со која се забранува употреба на зборот Македонија во името на државата Македонија! Која е единстврена држава, полноправен носител на тоа име, кое и генерички и исконски ни припаѓа.
-Официјалната, сега актуелна, изјава на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, која точно на последниот ден на португалското претседателство со Советот на ЕУ, добивме два „данајски подарока“: македонскиот јазик го нарече „северномакедонски“ и изјави дека тој некогаш бил дел од бугарскиот јазик.
Имено протече (процури) португалскиот документ, со кој требаше да има доближување на македонско-бугарските преговори, во кој недвосмислено јасно е искажано како до тргање на бугарското вето за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
‘‘Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред1944 година и дека јазикот во сите документи треба да биде сметан во согласност со Уставотна земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година‘‘.
Но ако подобро ја изанализираме целокупната изјава на државната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, во кое вели ‘‘Вие поминавте тежок процес на промена на името‘‘, таа експлицитно ни предочи дека доброволно се откажавме од Името, односно сите идентитетски обележја кое тоа ги претставува, сурова вистина, која колку и да боли е чиста вистина! Последователно и јазикот ни го нарекува северномакедонски, што стана веќе практика од повеќе држави.
После овој настан, сите се газголени до крај, сите лаги на црпнатиот муртинец и неговата камарила, односно фатени се in flagranti, на дело, дека безочно преговараа и за македонскиот јазик, кој е и повеќе од идентитетско прашање!
Кои се ‘португалците‘, кои ни испраќаат отровни стрели и зошто. Дали се‘ уште го носат товарот на скоро седум децениското фашистичко државно уредување и заедно со Шпанија се две држави во кои најдолго владееше најокоравениот фашистички режим!? Или се само маша на погорните!?
Ако во тн ‘Каранфилска револуција‘ за ослободување од седум деценискиот фашистички режим, војниците во пушките ставале каранфили наместо куршуми, за да нема крвопролевање,
ЗОШТО СЕГА КОН ЕДНА НАПАТЕНА ДРЖАВА И ЕДЕН НАПАТЕН НАРОД МАКЕДОНСКИ, НАМЕСТО КАРАНФИЛИ НИ ИСПРАЌААТ ОТРОВНИ СТРЕЛИ!?
Родина Македонија, не е изненадена од овој грозоморен чин, во кој нелегитимно-наметнатата власт преговара за најзначајното и најболно идентитетско прашање, македонскиот јазик.
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ПРАСТАР ЈАЗИК КОЈ БИТИСУВАЛ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ. За тоа има безброј артефакти кои се потврда и извориште на вистината, каде и да се задлабочиме во македонското тло. Зарем има поголем доказ од тоа што Светите браќа Кирил и Методиј за база на описменувањето, просветлувањето, христијанизирањето, го земаа јазикот на македонците од околината на Солун!?
Родина Македонија, единствено го респектира и делува на јасно искажаната воља на македонскиот народ на двата референдума!
НЕ за ЕУ, НАТО, промена на Име, а последователно нема преговори за Историја, Идентитет, Јазик!
НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ сме дефинирани со МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ, со своја ТЕРИТОРИЈА, свој ЈАЗИК, свое ФОНЕТСКО ПИСМО, свои ОБИЧАИ, своја КУЛТУРА и ЕТНИЧКО ИМЕ.
Ние МАКЕДОНЦИТЕ МИЛЕНИУМСКИ СУШТЕВСТВУВАМЕ НА СОПСТВЕНА ТЕРИТОРИЈА МАКЕДОНИЈА,
КОЈА Е СТАРА КОЛКУ И САМИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!