Родина Македонија започна со петиција за зачленување на Македонија во БРИКС+ и Евроазиската Економска Унија.
Како Македонци со првиот Евроазиец кој ги обединил Европа и Азија, нашиот цар Александар Македонски, ние природно припаѓаме на тоа богатвото на култури и народи, сите до една жртви на западниот империјализам.
Веќе 30 години живееме во агонија на исполнување на некакви услови за членство во ЕУ и НАТО, кои повеќе се услови за некоја психијатриска установа, отколку за членство во меѓународни организации.
30 години Македонија на патот кон ЕУ и НАТО е понижувана, тероризирана, уривана од внатре со војни, терористички акции, шарени револуции од невладиниот сектор финансиран од западните земји, вмешаност на западни амбасади и служби, превземени медиуми, политички систем, менаџиран судски систем, реформи во АРМ, полиција, итн….
РЕФЕРЕНДУМИТЕ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 И 30 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА СЕ НАЈВИСОКИОТ ИНСТИТУТ НА ДЕМОКРАТИЈА И ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА КОЈА ЌЕ НАДВЛАДЕЕ НАД СИТЕ ЗАПАДНИ НЕПРАВДИ!
Браќа и сестри Македонци!
Време е да се отргнеме од оваа понижувачка патека кон декдадентната отчовечена и одродена ЕУ!
Време е за светогледот кој го застапува Родина Македонија, време е за референдумската волја, НЕ ВО ЕУ, НЕ ВО НАТО И НЕ ЗА ПРЕСПА!
Време е за Македонија како достоинствена членка на БРИКС+ и ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА!
Родина Македонија воедно започнува и со проект за информирање на нашиот народ за случувањата во ЕвроАзиските интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата, кои се дел од програмските цели (точка 5).
Секој кој ќе ја одбере опцијата со ДА, Дали сакате да добивате информации на вашата електронска пошта за случувањата во Евроазиската Економскa Унија, БРИКС, како и други сојузи кои не се дел од НАТО и ЕУ, ќе добивате информации на својата електронска пошта.
GOSPOD SO VAS BRACA I SESTRI MAKEDONCI 🙏👍👌👏
GOSPOD SO VAS BRACA I SESTRI MAKEDONCI 🙏👍👌
Најдобра идеја која може да се реализира.
JAS SUM ZA CLENSTVO VO BRIKS
САМО БРИКС Е СПАСОТ ЗА МАКЕДОНИЈА