Пристигна времето каде секоја држава ќе мора сама да го потегне и откачи цревото со кое е прикачена на глобалниот финансиски рекетарски паразитски апарат полн отрови во изумирање и да почне сама да дише и да заздравува. Мерките кои ги предлага „владата“ на антиуставната од надвор инсталирана „Северна“, се дел од проблемот, а никако решение. Задолжувањата не се решение, затоа што хартијата без покритие наречена „Долар“ и целиот тој систем, заминуваат во историјата неповратно.

Родина Македонија од првиот ден како иницијатива, а наскоро и како политичка партија, предлага мерки за враќање на државата во својата изворна форма, да служи на народот, со сите ресурси кои му припаѓаат.

Во овакви предапокалиптични услови во светската економија, суштински важно е да се сопре одлевањето на парични и материјални добра од државата кон глобалниот финансиски паразитски апарат. Македонија воопшто не е моќна држава да финансира решавање на проблеми на трети земји.

За Родина Македонија е јасно дека оваа „влада“, која е инсталирана токму од тој глобален неолиберален систем нема капацитет за овакво водење на државата.

Затоа суштински важно е да се формира Техничка Експертска Влада, која од позиција на професионалност, знаење и служење на сопствениот народ и земја, ќе ги превземе следните мерки:

  • Национализација на банките, телекомите, ЕВН, осигурителните компании, концесиите за минералните, рудните и водните богатства и друго.
  • Национализација на македонските компании, инфраструктурни и природни ресурси, и земјоделски комбинати, криминално приватизирани.
  • Запленување на нелегално стекнатиот капитал, одлеани средства надвор, криминално стекнат приватен имот.
  • Помош, подршка и развој исклучиво на Македонската економија, на Македонскиот индивидуален претприемач, малите и средните бизниси, и на сите домашни компании од клучните Македонски економски сектори.
  • Подигање на македонско еколошко земјоделско производство. 
  • Професионализација и силно скратување на државната и општинските администрации, служби.
  • Ослободување од сите давачки на малото стопанство и индивидуалните претприемачи во период од 6 месеци и  замрзнување на сите побарувања кон нив.
  • Социјални програми и помош за најзагрозените, луѓето кои изгубиле работно место итн.
  • Формирање на тим од искусни лекари за формирање на домашна долгорочна стратегија за одговор на предизвиците кои доаѓаат.
  • Формирање на тим за започнување на интезивна соработка со земјите кои најдобро се справија со оваа криза, Русија, Кина и Куба.

Не постојат други решенија во овакви услови.

Наша одговорност е Република Македонија и нашата иднина.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/