You are currently viewing ЈАВЕН ПОВИК ДО ЧЛЕНСТВОТО И ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани,

Согласно Законот за политички партии, Родина Македонија е должна во рок од 1.1.2024 до 30.3.2024 година да приложи во суд 1000 изјави за основање, заверени на нотар.

Упатуваме јавен повик до нашето членство и поддржувачи да се вклучат во пререгистрирањето на Родина Македонија во најкус можен рок, за да може да се премине на изборните активности. 

Да не се чека крајниот датум!

Постојат две опции за заверка на Изјава кај нотарите.

Опција 1:

Нотари обезбедени од Родина.

  1. Понесете само лична карта. 
  2. Пополнете изјава во 2 примерока. 
  3. Изјавата се остава кај Нотарот. 
  4. Сите трошоци се покриени од Родина.

Листата на нотари ја имате на следната интернет страна: https://rodina.org.mk/preregistracija/

Опција 2:

Кај Нотари кои не се обезбедени од Родина:

  1. Симнете ја изјавата од нашата интернет страна, или подигнете изјава од канцеларијата на Родина Македонија во Скопје, со адреса Ул. 27 МАРТ, Бр.10/1-2 (влез 1, прв кат, стан бр.2). Канцеларијата е отворена секој ден од 8:00-15:00 часот и четврток од 18:00-22:00 часот.
  2. Пополнете две изјави со точни информации.
  3. Заверете ја на нотар.
  4. Доставете ја заверената изјава преку пошта или директно во канцеларијата на Родина Македонија во Скопје.
  5. Доколку сакате, со приложување на фискална сметка можеме да ви го вратиме трошокот за нотарска заверка кај нотарите кои не се обезбедени од Родина.

Изјавата ја имате на следната интернет страна: https://rodina.org.mk/preregistracija/

Воедно ќе се изврши и ажурирање на членството на Родина Македонија.

Секој член ќе добие членска карта!

Со почит,

Претседателство на Родина Македонија