Промените кои ги очекува македонската нација со рушење на хибридниот режим на Зоран Заев, инаку донесен преку хибридна војна менаџирана од САД и други западни центри на моќ, треба да се суштински, а не од козметичка природа.
Народот очекува владеење од позиција на ВИСТИНА, ЧЕСТ, МОРАЛ и ПОЧИТУВАЊЕ на народната волја, јасно искажана преку референдумите од 1991 и 2018 година.
Не постои завршена работа, ниту реалност, кога се работи за велепередавство со кршење на Уставот, законите и волјата од референдумите на македонската нација.
Таквите прикаски ДПМНЕ, СДС, ДУИ и другите политички субјекти може да си ги кажувате на коктелите организирани од западните амбасади.
Сакаме да се обратиме и до македонските политичари од албанско етничко потекло.
Престанете да бидете маша на западните геополитички интереси, против македонскиот народ.
Еден ден ќе се променат геополитичките состојби на Балканот, како што се менуваат во светот.
Ние и во тие нови услови ќе треба да живееме како вистински сожители и припадници на македонската нација.
Почитување на македонскиот народ е основен предуслов за живот и соживот во Република Македонија!