You are currently viewing РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ИЗРЕЧЕНИТЕ ЛАГИ ОД ЈАНКО БАЧЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВАЧИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Веќе подолг период Родина Македонија е предмет на дејствија од страна на познати и непознати субјекти кои директно го попречуваат нејзиното нормално функционирање.

Еден од познатите субјекти кои станаа дел од иницијатива за бришење на политичката партија Родина Македонија, е токму лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој се пофали дека сите основачи на Родина Македонија се вратиле во матицата Единствена Македонија. 

Ќе беше добро тој чин да се обзнанеше откако ќе биде избришана Родина Македонија од судскиот регистар, но за негова жал и радост на народот, тоа не се случи.

Сите три судски процеси, пред Регистрациониот суд, Апелација и Уставен суд, Родина Македонија ги доби.

Основачите на Родина Македонија си се во Родина Македонија, па се поставува прашањето кого има Бачев во својата партија?

Да го потсетиме г. Бачев!

Единствена Македонија е идеја која вие ја пресретнавте на терен, токму од тие кои се денес основачи на Родина Македонија.

После кусо негативно искуство со вас и вашиот начин на дејствување, истата ви ја оставија за да му донесете алтернатива на македонскиот народ, а вие што направивте?

Тоа во едно писмо добро го објасни почитуваниит професор, Стефан Влахов Мицов.

Родина Македонија си продолжува по својот пат, без притоа да го троши своето време на луѓе кои имаат лидерски стаж од 20 и кусур години.

Вие си знаете на што сте лидер и зошто сте лидер?

Ние знаеме и зошто сте лидер на приватна фирма, слатки се парите од Буџет на РМ.

Да ги спомнеме и непознатите субјекти!

Веќе многу долг период официјалните страни, информативните гласила и приватни профили на Родина Македонија и нејзините членови се предмет на хакерски напади, бришења, блокирања и слично.

Родина Македонија се обрати до одделението за сајбер криминал при МВР, но за жал до ден денес немаме никаков одговор кој го прави тоа?

Притоа упатуваме повик до нашиот народ, да помогнете во зачувување и прогрес на партијата РОДИНА МАКЕДОНИЈА и возобнова на #ОРГАНИЗАЦИЈАТА за спас на Македонија и Македонците.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина (https://t.me/rodina_makedonija)

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! ПРИСТАПНИЦА