You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Денес ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.
Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците.

Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски и Војводата Дедо Иљо Марков-Малешевски. Командант на здружените востанички чети бил избран капидан (капетан) Стојан Карастоилов. Востанието имало и меѓународна подршка од словенските земји, најмногу од руските (козачки) одреди предводени од атаманот Адам Калмиков и полскиот бригадир Луј Војткиевиќ. Значителна помош стигнала и од тукушто ослободеното бугарско кнежество, но подоцна дошло до големо несогласување со бугарските сили; Откако се увидело дека тие го негираат македонскиот карактер на востанието и основната идеја на востанието- НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
Востанието постигнало значителен успех, можеби најголем во ослободителната борба на Македонците.
Биле ослободени Мелничко, Беровско, Радовишко, Делчевско, Демирхисарско и околу 20 други села.

Македонското востание, уште познато како Кресненско востание, заедно со Разловечкото востание и Пијанечката република се светлата тријада на македонската ослободителна борба. Борба која ги имала и запазила сите атрибути и карактеристики на внатрешна македонска организираност,  македонски дух и македонска самосвест.

По тој повод, делегација на партијата РОДИНА МАКЕДОНИЈА ја посети Кресна и месноста Стара Кресна. Ја чествувавме годишнината од востанието, одржавме комеморациски говор и се помоливме за спасение на душите на војводите и сите учесници на востанието на панихидата во црквата во селото Стара Кресна.

Напомена: Ова беше прва и единствена посета на политичка партија од Република Македонија од 1994 год. По кажување на нашите домаќини, Македонците од Пиринска Македонија, тие се заборавени и препуштени сами на себе си! На милост и немилост на бугарската држава скоро триесет години.

Слава на јунаците
Македонија на Македонците.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница