You are currently viewing РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕTO НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ И СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА ДУИ Е ОДЛИКА НА МЕНТАЛИТЕТ НА ТЕРОРИСТИ!

„Северната“ дивоградба тоне сѐ подлабоко во депонијата на умрените западни колонии.

Повторно се протерани руски дипломати, овој пат и свештено лице!

Во услови кога западните амбасадори грубо се мешаат во сите внатрешни работи на Македонија, па дури се вклучени и во криминални проекти како оној на Бехтел и Енка, Министерството за тероризам брка сѐ што не е на линијата на криминал, корупција и исламизација на Македонија.

Овие терористи од ДУИ дури се дрзнаа да избркаат свештено лице, грубо мешајќи се во црковниот живот на православната црква и македонскиот православен народ, додека низ Македонија крстарат црни пари од нивните фондови.

Не зачудува молкот на политичките партии, интелектуалците, но и црковните лица за оваквиот варварски чин.

Праќаме јасна порака до ДУИ и западните колонијални сили (намерно не им се обраќаме на СДС и ДПМНЕ, тие во оваа ситуација се обични статисти):

„Русија и рускиот народ се братски народ и држава на Македонија и Македонците и во даден геополитички момент тие ќе бидат природниот стратешки партнер, исто како и сите останати држави и народи кои ќе ја ценат сувереноста на Македонија. Нашите односи се градени низ милениумите со дух, книга, писменост, култура, ген, крв, меѓусебно почитување и помагање и тие односи ништо на овој свет не може да ги наруши. 

Ова е привремена состојба, состојба на окупација. Живееме во идентични услови како во 1941 година. Македонија е окупирана држава од истите западни сили и нивните локални измеќари и спроведува идентични политика на поделба на Македонија.

Македонија ќе биде коската од која ќе се удавите!“


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница