Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија
Сигурно се прашувате каква врска имаат платата од 750 € и “збогатената потрошувачка кошничка” со локални избори, месни проблеми и општини???
Па имаат, во Северџистан и #НовотоНормално се е нормално!
Имено, од кога „Мицињата“ видоа каква нуклеарно разорна моќ постигна лагата на црпле -” Плата 500€ за секого”, „го советуваа“ да го покачи влогот со ” Плата 750€ за секого”, како да не можеа да бидат поиздашни па нека ни ‘‘дадат‘‘ по 1000€, зошто да не, ако лажеш лажи нескромно. А ‘‘Државата за Сите‘‘ еволуира во ‘‘Држава на Сите Луѓе‘‘.
Се прашувате како е можно, да се нуди висока плата, потрошувачка кошничка и луксуз на локални избори? Во состојба во која галопирачки и девастирачки прогресираат:
1) Преспански-Северџистан
2) Тиранска платформа-Албанизација и ирендентизам
3) Етноцид и Геноцид //////
4) Бугаризација и културолошка распродажба (за без пари)
5) Се‘ посилно одземање на основните човекови права и слободи, медицинска тортура и општествена диктатура???
6) Дивеење на криминалот и претварање на Македонија во нарко-картел на отворено
7) Еколошка катастрофа од железари, цементари, хром, цезиум, радиоактивна пластика, линдан, талиум, безмилосно сечење паркови и шуми…
Многу е логично, сево ова е производ на долгогодишната агенда и пропаганда на заглупување од страна на геополитичките и глобалистичките центри (Сорос, Билдерберг, УСАИД, Аденауер, Давос)…кои сѐ
поуспешно успеваат да ја наметнат доктрината на “ПОЛНЕЊЕ И ПРАЗНЕЊЕ НА ЦРЕВАТА” – живеј денес не мисли на утре; Како единствено важно нешто.
А горе споменатите девастирачки состојби се само #СтекнатаРеалност која треба да ја прифатиме, против неа ќе се борат некои следни генерации…Се разбира ако воопшто преживеат Македонците да ги изродат тие следни генерации…

Ако вие не се помирувате со оваа диктатура, современо ропство и “стекнатата реалност” во вашата земја, приклучете ни се, станете дел од #Организацијата, станете дел од РОДИНА МАКЕДОНИЈА.
Кажете и направете нешто добро за себе си и Македонија.
Македонија на Македонците
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!