You are currently viewing ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ПОБЕДАТА НА ПУТИН

Родина Македонија испрати честитка по повод победата на г-дин Владимир Владимирович Путин на изборите за Претседател на Руската Федерација.

Честитката ја пренесуваме во целост:

„Почитуванa екселенцијо, господин Сергеј Бездникин, Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија,
Политичката партија Родина Македонија Ви го честита Вам, на персоналот на руската амбасада во Република Македонија,
како и на целиот руски народ, повторниот избор на г-дин Владимир Владимирович Путин за Претседател на Руската Федерација.
Со повторниот избор на почитуваниот г-дин Владимир Владиморович Путин се надеваме дека ќе продолжи процесот на евро-азиските
интеграции како и на создавање на услови за воспоставување на новиот слободен поредок во светот.
Родина Македонија, исто така, очекува дека неповолните политички односи, случувања и состојби во Република Македонија во блиска иднина ќе завршат и дека со тоа ќе се создадат услови за нормализирање на односите помеѓу двете држави и ќе започне нова ера во односите помеѓу нашиот и рускиот народ, базирани на христијанско-православните, духовните, културните и традиционалните вредности како темел на поврзаноста меѓу двата наши братски народи.
Родина Македонија искрено се надева и очекува дека со изборот на г. Владимир Путин ќе се заокружи и процесот на конечниот триумф на слободољубивите народи над светскиот фашизам.“