Кога комплетниот институционален држвен систем е ставен во потчинетост на субверзивната агенда на големите сили и алчните апетити на соседите, секој чин, на поединец или организација, за спас на државата и заштита на националните интереси е повеќе и‘ од насушна потреба!
Да потсетиме, Родина Македонија даде остра критика за отворањето на скандалозниот клуб ‘‘Иван Михајлов‘‘ во Битола, каде ги искажавме опасностите од активноста на такво антимакедонско дувло. Но и од дрскоста на небулозната, незаконска документација за отворање на едно овакво сомнително дувло со отворен фашистички карактер, под името на џелатот на македонската национална идеа, отворен соработник со фашистите и фашист!
Посебно кон дрскоста и парадирање на отворен фашизам од страна на цела државничка бугарска елита=булумента на македонско тло!
Поставивме отворено прашање, ако Македонија е плод на комунизмот (нивна флоскула, без никаква аргументација), зошто Бугарија и понатаму длабоко живее во времето на фашизмот (секојдневна реалност кон Македонија и македонскиот народ)!?
Затоа даваме силна поддршка на одважниот чин кој го изврши битолчанецот Ламбе Алабаковски, како чин на родољубие, непокор, храброст, при што нема ни повредени ниту значајна материјална штета!
Зачудувачка е и сомнителна брзата реакција на министерството за внатрешни работи кон еден оваков беззначаен престап, наспроти летаргичноста и инертноста кон бројни криминали во државата! Воедно, исто така, необично сервилни и мизерни беа и брзите осудувачки реакции на комплетната северџанска врхушка за осуда на опожарувањето на влезната врата на клубот!
Родина Македонија, повикува на разум и ослободување на популарниот уметник – поп пејачот Ламбе Алабаковски од притвор и фер разврска на овој случај.
Инсистираме и настојуваме т.н. клуб ‘‘Иван Михајлов‘‘ во најкраток временски период да се затвори, за да нема понатамошни екцеси, најголема причина поради која е и отворен со целно антимакедонско делување, разгорување на омраза и наспокој во Македонија!
Родина Македонија, дава целосна поддршка на најавениот протест, во организација на партијата Левица, за отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски и негово ослободување, под паролата ‘‘ФАШИЗМОТ МОРА ДА ПАДНЕ‘‘, пред полициската станица во Битола, на 8.6.2022 год во 18,00 часот!