You are currently viewing ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Госпоѓи, или господа, (не се снаоѓаме најдобро со обраќањето во новата трансродова западна идеологија), Анџела Прајс, амбасадор на САД во Република Македонија и
Анке Холштајн, амбасадор на Германија во Република Македонија.

Со вашето лобирање за промена на Уставот на Република Македонија вие грубо ја кршите „Виенската Конвенција за дипломатски односи“

Промена на Уставот на една држава е внатрешно прашање на нацијата на таа држава.
Со вашето мешање во процесите на промена на Уставот на Република Македонија, грубо се мешате во внатрешните работи на нашата држава, Република Македонија.

Нашиот Устав беше оценет како еден од најдобрите 5 устави во Европа, во однос на индивидуалните и колективни права.

Република Македонија со Референдумот од 30 Септември 1991 година јасно и недвосмислено се изјасни за Суверена Независна Република Македонија.

А со референдумот од 30 Септрември 2018, јасно кажа дека не е заинтересирана за НАТО и ЕУ преку промена на своето исконско име.

Како претставници на земји кои претендираат да бидат учители по демократија, ви укажуваме дека веќе е направено грубото кршење на Уставот со Преспанскиот договор, кој е потпишан од неовластено лице и кој претставува ништовен акт, процес кој го менаџираа вашите служби со организирање на „Шарената револуција“.

Вистинската демократија почива на волјата на нацијата и на почитување на законот, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не.

Ние ве охрабруваме со вашиот личен пример на внесување на Индијанците, Мексиканците, Африканците, Кинезите и други етноси во Уставот на САД, а исто така и на Турците, Србите, Македонците, Босанците, Хрватите, Пакистанците и други во Уставот на Германија, да бидете пример за она кое го говорите.

Македонија сега е под дипломатска окупација, но ќе изгрее повторно сонцето на слободата за Македонците!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!