You are currently viewing СТИГНАВМЕ ДО СРАМОТ, СОСЕДИТЕ ДА НИ ЈА РЕШАВААТ И ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

Соседите решаваат сѐ за нас: ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, ДРЖАВЈАНСТВО, ИСТОРИЈА, СЕГА ни ја решаваат и ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

БЕЗАЛТЕРНАТИВНАТА НИ ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА СТАНА НАША РЕАЛНА НЕБИДНИНА!

Наметнатата недостоинствена изродничка развласт е немоќна за реално обезбедување на вечниот дом на МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, по повод чествување на 151 годишнината од неговото раѓање, 4 февруари 1872 година.

Пред извесно време, на 14 јануари 2023 година, бевме сведоци на слободно дивеење од страна на бугарски ултра-шовинистички наци-фашисти сред Скопје, со недолични транспаренти, знамиња, скандирања. Протекуваат и информации за вооружани групи, кои за среќа или несреќа биле вратени во Бугарија, а подготвени за истиот настан.

Министерот за внатрешни работи на „нашата земја“ заедно со министерот за внатрешни работи од „пријателско-добронамерната‘‘ Бугарија, со заеднички ум ни ја „решаваат‘‘ внатрешно-безбедносната состојба во државата.

Платениците, самоосвестените Бугари не отстапуваат од голема организација за посета на вечниот дом на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, но и учество на многубројни гости „поклоници‘‘.

ШТО ТОА РЕШАВААТ МИНИСТРИТЕ И КОГО ЌЕ ДИСЦИПЛИНИРААТ!?

Дали МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ САКА ДА СИ ГО ЗАШТИТИ ОД ПОГАНЕЊЕ СВОЈОТ ВЕЛИКАН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

Дали внатрешните пробугарски платеници кои се заштитени внатре во државава?

Дали ултра-шовинистичко-фашистички настроени Бугари, кои доаѓаат да поганат и богохулат во Македонија?

ИЛИ не сакаме да детектираме дека самиот проблем е во Договорот со Бугарија, кој безочно го прошируваат и кој им дава право бесрамно да нѐ навредуваат скоро сите бугарски државници, пратеници, претседател, премиер, европратеници, политичари, итн.

Нашиот народ е многу интелигентен кога вели: – Ако еднаш си го дадеш задникот „под кирија‘‘, потоа постојано ќе го даваш!

Така станавме заложници, односно извршители на сите желби, поточно директиви на соседите, на внатрешниот субверзивен албански државен елемент, на „пријателите‘‘ од западните амбасади, а сѐ под палка на заговорот: УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Состојбата во Македонија е премногу комплицирана и неизвесна што само поништување на злонамерниот „добрососедски‘‘ договор со Бугарија од 2017 година може да има влијание за конечна разврска и враќање на државата Македонија во рацете на Македонците и сите нејзини лојални жители.

Партијата на народот, РОДИНА МАКЕДОНИЈА, непоколебливо стои на ставот: почитување на народните одлуки на двата референдума, НЕ за НАТО и ЕУ, НЕ за штетните билатерални договори, НЕ за воспоставениот албански апартхејд,

ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКОТО ДОСТОИНСТВО!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!