На 10-тиот Берлински самит, организиран под покровителство на германскиот канцелар, премиерот Мицковски и министерот за надворешни работи Муцунски ќе ја истакнат важноста на стратешкото партнерство на нивната земја со Герамнија.
По тој повод би сакале да дадеме свој придонес во освежување на меморијата на Македонците од резултатите на таквото партнерство на Балканот.
16 Март 2009 година,
амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.
„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц.
22 Јануари 2021,
германската амбасадорка јасна: Договорот со Бугарија мора да се спроведе
Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Македонија како независна и е силен поддржувач на европеизацијата на целиот регион, особено на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ.
Освен тоа, постои и Договор за добрососедство и, според мене, тој треба да се исполни со живот и консеквентно да се спроведе, рече денеска амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн.
2001,
Германската тајна служба БНД е посебно активна во западна Македонија со логистика на страна на шиптарските терористички сили.
1941,
Сојузник на фашистичка Германија во окупирање на Македонија е токму Бугарија.
19 и 20 век,
главен финансиер и креатор на врховизмот во Македонија е Хабсбуршката фамилија која раководи со Бугарија.
Но има уште еден клин кој го убива македонското национално ткиво, германскиот монарх Ото Фон Вителзбах, устоличен 1832 година во Атина.
После распадот на Отоманската империја започнува менаџирањето на овој простор од страна на германските аристократски фамилии.
Последиците од тој менаџмент?
Две балкански и две светски војни, менување на етничката карта на Егејска Македонија со Договорот од Лозано, етничко чистење на Македонците и поделба на Македонија.
Штета што ја имаат предизвикано по македонскиот етнос е на ниво на геноцид врз нашиот народ, од страна на германските аристократски фамилии.
Ако се вратиме на почетокот на овој текст, ќе видиме дека тој процес продолжува и денес.
Да ја пренесеме изјавата од пред некој ден на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок која вели дека сè додека во Европската унија се одлучува едногласно, Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
Ние од Родина Македонија нè разбираме како тоа кичмата на Владата на ДПМНЕ не е свиткана, кога сте јавнати од западните сили, настапувате пред нив со променето име, кое за вас е реалност и барате членство во нивните организации, кои имаат крајно нè достоинствени и понижувачки услови.
Германија и нејзините претставници, како и претставниците на другите западни сили, кога ќе разговараат со Македонци, за Македонија, треба тоа да го прават со наведната глава поради злосторот што го направија и прават кон Република Македонија и Македонците во изминатите неколку века.
Ако сакаме да ја исправиме кичмата, тогаш треба да излеземе од сојузите чии основачи низ вековите извршиле геноцид врз нас и тоа го продолжуваат и денес.
Токму народите кои пострадаа во изминатите неколку века од западниот свет, денес се организираат и создаваат нов постзападен мултипорален поправеден свет.
На 6 од 7 милијарди народ на планетата, веќе му е смачена западната доминација и лажните и дволични западни владетели.
Родина Македонија е посветена на тој нов геополитичи момент кој се случува 1 во 100 години.
За нас ЕУ е мртво слово на хартија, додека континентот на кој живееме е секако Европа, име од македонската митологија.
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!